• Latest

Истражување на Аналитика: Епидемија на насилство во средните училишта

September 6, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Истражување на Аналитика: Епидемија на насилство во средните училишта

September 6, 2022 15:54
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Насилството кај младите во средините училишта добива драматични димензии. Дури 62,7% од учениците потврдуваат дека насилството е често или постојано присутно во училишната средина. Најголем број од нив го препознаваат физичкото насилство кое во голема мера е највидливо, понатака според учениците во висок процент е присутно психичкото и сајбер насилството. Високи 70% од учениците сведоци се на насилно однесување во нивните училишта, но истото не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои не знаењето кому да пријават или како да пријават а да останат аноними пријавувачи, пишува во истражувањето  изработено во рамки на проектот “Развој на култура на мир и превенција на насилство, како основни вредности во образовниот систем во Република Северна Македонија”, што го спроведува тинк тенкот Аналитика.

На прашањето „Дали сметате дека наставниците посветуваат доволно време за едукација на ученииците за превенција и справување со насилството„ висок процент на ученици, односно 82,3%, одговориле дека наставниот кадар посветува најмногу време на ваква едукација.

Речиси во сите училишта постои кодекс на однесување како и кодекс за постапување при насилство. Но сепак истиот не е препознаен или не е презентиран на учениците на начин на кој би требало.

Кај 43% од учениците доминира одговорот дека насилството е најчесто прекинато од страна на наставниците во училиштето, што посочува на важноста на улогата на наставниот кадар во креирањето на безбедна училишна средина.

Овие резултати се добиени во истражувањето  изработено во рамки на проектот “Развој на култура на мир и превенција на насилство, како основни вредности во образовниот систем во Република Северна Македонија”, што го спроведува тинк тенкот Аналитика – Скопје. Истражувањето беше спроведено на репрезентативен примерок од 305 ученици во училишта со мешан етнички состав. Целта на ова истражување беше да се утврдат видовите на насилство на кои се изложени учениците во средните училишта, согледување на улогата на наставниците во превенција и делување при насилно однесување во училиштата, но и на останатите чинители во образовниот систем како што се психолошко-педагошката служба, надлежните институции и родителите.

Бојана Мијовиќ Христовска од Аналитика кажува дека согласно истражувањето, високи 83,6% покажуваат дека девојчињата се почестите жртви на родово базираното насилство во училиштата. Родово базираното насилство како и родовата рамноправност се уште претставуваат една од најгорливите теми во нашата заедница, па и во училиштата. Кога зборуваме за нашето општество, можеме и да додадеме дека родово базираното насилство се третира како табу-тема, отсуствува едукација, како и помош и поддршка на младите девојки, вели Мијовиќ.

Сподер Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика  за  да се спречи насилното однесување на учениците, особено е важна континуираната и здрава соработка помеѓу родителите и училиштата. Од добиените одговори забележуваме дека 60% од учениците посочуваат на ниска соработка и вклученост помеѓу родителите, наставниците и стручните служби во училиштата. Родителите се најмногу заинтересирани за успехот на нивните деца, а многу помалку за училишната клима и вонучилишните активности кои имаат за цел да ја поттикнат креативноста на учениците, да развијат вештини кај нив,  и да создадат безбедна и здрава околина.

Од Аналитика сметаат дека образовниот систем, односно училиштата, се исклучително важни во процесот на препознавање и пријавување на случаите на насилство, каде може рано да се открие насилството врз децата, со цел спречување на истото. Важно е да се воспостави  отворен и коректен однос помеѓу учениците, наставниците и родителите бидејќи тоа помага во намалување на насилството во училиштата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ