• Latest

Иванов 2006 против Иванов 2017: Џекил и Хајд

March 17, 2017
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Иванов 2006 против Иванов 2017: Џекил и Хајд

March 17, 2017 11:34
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На својот блог,  граѓанскиот активист Миша Поповиќ, во текстот „Иванов во 2006 пишуваше за денеска, само не се предвиде себеси“, пишува за трансформациите на ставовите на тогашниот професор, денес актуелен претседател на државата, Ѓорге Иванов, за концептот на владеењето на правото. 

Текстот на Поповиќ го пренесуваме интегрално.

Прелистувајќи по старите изданија на „Политичка мисла“. случајно налетав на вовед на, тогаш професорот, а денес претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов. Во тој вовед, на изданието број 13 од март 2006-та година, Иванов зборува за поимањето на „владеењето на правото“ и проблемот со неговата имплементација. Текстот е одличен и во кроки елемент ги црта сите проблеми со кои сме се соочувале во тој период. Меѓутоа, истовремено, тој е одлична анализа и на тоа што се случува и денес.

Но, иако тезите во текстот се сосема добри, иронијата се наметнува сама по себе, доколку се земе предвид авторот — тогаш професор, а денес Претседател, тогаш политиколог, а денес директен актер во македонската политика.

Ќе се обидам да пренесам неколку значајни точки од неговото писание во 2006 година, со исклучително кратки коментари. Оттука, оваа колумна не е баш вистинска колумна, туку повеќе своевидна рецензија, која цели да ги предочи одличните мисли од минатото на авторот и да ги премести во денешната политичка реалност.

Иванов пишува:

„По падот на Берлинскиот ѕид, […] истите тие наши политичари [се мисли на политичари и ‘интелектуалци’ активни и во социјализмот и по осамостојувањето н.з], без да се заморуваат да ја сфатат сета комплексност на концептот за владеењето на правото, многу брзо се преадаптираа и она што дотогаш го именуваа како ‘уставност и законитост’ почнаа да го именуваат како ‘правна држава’ и владеење на правото. До ден-денес, сфаќањата на многумина од нив сѐ уште се на тоа ниво, па затоа, не би требало да не зачудува зошто постои застој во сферата на остварувањето на човековите права и реформите на правосудната сфера на државата. Односно, зошто покрај сите реформи сѐ уште правосудството ниту се едуцира ниту се реформира, оценка дадена од сите релевантни меѓународни фактори, како од ЕУ така и од НАТО’.

Истите „релевантни меѓународни фактори“ и денес ја оценуваат независноста на прасудството како недоволна. Добро е да се знае дека тие извори на оценка, според Иванов, се релевантни, бидејќи во последно време нивните оценки се оспорувани или релативизирани.

Меѓутоа, зошто независноста на правосудството е потребна? Иванов дава одговор:

„Државата што ги почитува наведените принципи [гарантирање на човековите права и поделба на власта — н.з] може да се нарече правна држава (наспроти партиската и полициската држава, но и државата на своеволие). Во таквата држава, судијата во своето дејствување не е подложен на никакви наредби и му служи само на законот и на правото. Токму затоа независните судии создаваат независно судство“.

Од објавените аудио снимки дознавме дека ако состојбата била таква во 2006-та, таа, во најмала рака не се подобрила оттогаш. Во теоријата тоа се нарекува „телефонска правда“ — правда што се нарачува низ телефонски разговори и случаите се решаваат не според законот и фактите, туку според потребите на врвовите на политичката елита. А врвовите на политичката елита немаат интерес за вистински реформи. Уште во 2006-та, Иванов тоа многу добро го опишува:

„За актуелните проблеми во оваа сфера политичарите знаат да кажат дека имаме добри закони, но проблемот е во имплементацијата, односно нивната непримена. Политиката се однесува како добрата власт да е проблем на некој друг“.

Таквиот сентимент  –  добри закони и слаба имплементација  –  можете да го прочитате во секоја анализа за состојбите во Македонија и денес. Пластично кажано  –  Македонија е рангирана добро поради имање на потребни закони, но истовремено, е рангирана лошо поради тоа што тие закони не се применуваат. Кога некој ќе каже дека сме на врвот на рангирањето за „Дуинг бизнис“ (лична именка) не лаже, но истовремено, имаме висока стапка на корупција, која е пречка за дуинг бизнис (глагол).

Тоа на што особено се израдував, препрочитувајќи го текстот на Иванов, е неговото визионерство за потребата од проучување на неформалните институции, од кои дел го поткопуваат развојот на македонското општество. Денес таа област е од посебен истражувачки интерес за Западен Балкан, а Иванов во 2006 вели:

„Во таквата претстава, најважна е фасадата и привидот на законитоста. Правните правила се заобиколуваат со неформални инструкции. Институциите се празнат од содржината. Нивните цели не се јасни. Луѓето се поставуваат на раководни места според начелото на послушност, лојалност и опортунизам“.

Токму тие испразнети институции претставуваат еден од најголемите проблеми во современата македонска политичка состојба во 2017-та година. Испразнетата содржина значи дека тие работат со различен аршин — со тоа тие престануваат да го следат јавниот интерес  –  еднаква примена на правилото. Тие само наликуваат на јавно обвинителство, државна комисја против корупција (итн), бидејќи се инструменти за политичка пресметка, или уште повеќе, заштита на оној кој е на власт. Таквото киднапирање на институциите и инсталирање дисфункционалност претставува заробување на државата.

Меѓутоа, заробената држава не е едноставен проблем за справување. Таа ги „учи“ граѓаните дека тоа е начинот на кој се завршуваат работите. Повторно Иванов тоа добро го забележал во 2006-та година:

„По сето она што ни се случува во изминативе петнаесет години, евидентно е дека во македонското општество постојат, односно владеат, интересни групи кои сакаат да опстане општествената институционална анемија. Не станува збор само за некоја малобројна себична елита туку и за маса поткупена со ситни општествени привилегии и со лажна сигурност на клиентелизмот“.

Единаесет години подоцна, „релевантни фактори“, а и домашни анализи (и тие релевантни), укажуваат на таква состојба. Допрва треба да ја започнеме општествената деконтаминација од клиентелизмот и да ги трансформираме институциите и водењето политика со цел тие да овозможат владеење на правото.

Во таа смисла, Иванов го почнува и завршува текстот со едно важно прашање за важноста на владеењето на правото како национален или државен интерес. Иванов го започнува својот вовед, опишувајќи ја дебатата за „владеење на правото“ иницирана во Словенија во 1980-те години, како критика на постојниот режим. Тој вели:

„Словенечките интелектуалци […] овие теми ги преточија во еден вид национална програма за преродба на Словенија“.

Во македонскиот национален наратив, централна тема на борбата за државност е самобитноста на народот. Македонската држава не е замислувана како средство за остварување на слободата на граѓаните како личности, туку на колективните права на етничките заедници кои живеат во неа (поново време) или пак, само на македонскиот народ (од почетокот на XX век до Охридскиот рамковен договор). Токму таквото отсуство на идејата за држава како средство за остварување на институционализирана правда е можеби проблем зошто не можеме да го воздигнеме владеењето на правото како важна општествена вредност. Затоа и пред судот не стои споменик на некој познат правник или судија, туку Ќосето.

Иванов се согласува:

„Промените и во сферата на владеењето на правото ни доаѓаат однадвор, но сѐ уште без доволна волја да го препознаеме во нив нашиот македонски интерес“.

По сета оваа криза, се надевам дека ќе се создадат услови за да ги преосмислиме националните наративи што се вкрстуваат во Македонија и оние групи кои произлегоа од протестите во 2015 и 2016 година ќе ја предводат оваа дебата. Дека централното прашање зошто сите граѓани на Македонија ја организирале Републиката е за да се создадат услови за владеење на правото.

Меѓутоа, барањата за владеење на правото, за имплементација на итните реформски приоритети беа слично „пречекани“ како и кон крајот на 1980-те години. Иванов во 2006 пишува:

„Во Македонија, тогашните политичари и ‘интелектуалци’ […], остро го осудуваа она што се случуваше во Словенија (особено ‘Нова ревија’, но и сите активности на словенечката младина), именувајќи го како субверзивна активност на граѓанската десница. Тогашниот ЦК СКМ дури водеше посебен идеолошки пленум за тоа како да се борат против таквото зло на граѓанската десница“.

Меѓутоа, токму авторот на текстот, денес е учесник во поткопувањето на владеењето на правото. Неговата „анемичност“ да предупреди на подривањето на правната држава е присутна во текот на неговиот цел мандат и не е познато кога успеал да биде лидер, да ги изнесе проблемите во јавна дебата и да побара одговорност од институциите за несоодветната имплементација на законите. Истовремено, аболициите кои ги даде во 2016-та година, на многу подиректен начин го поткопуваат владеењето на правото преку промовирање на неказнивоста. За крај, со недавањето на мандатот на Зоран Заев, не ја почитуваше поделбата на власта и не остави предлог-програмата за владата да ја цени Собранието наместо тој.

Го завршувам текстот со цитат:

„Од страна на новинарите од другите републики што ги следеа состојбите кај нас [се мисли на крајот од социјализмот — н.з.], веројатно поттикнати од однесувањето на нашата политичка и интелектуална елита, се почесто Македонија ја нарекуваа ‘Темен вилает’“.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: владеење на правоЃорге ИвановЗападен Балканполитикапрофесор
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ