• Latest

Иванов го информирал Заев за кандидатурата на Богов за гувернер на НБРМ

May 4, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Иванов го информирал Заев за кандидатурата на Богов за гувернер на НБРМ

May 4, 2018 10:24
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со цел Република Македонија да добие гувернер кој најодговорно ќе ја извршува оваа значајна функција, претседателот Иванов во текот на февруари и март оваа година изврши консултации со Сојузот на Стопански Комори, со Стопанската комора на Македонија, со Здружението на банкарството, со МАНУ и со други институции и поединци од оваа област, информираат од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, во врска со предлогот Димитар Богов повторно да биде гувернер на Народната банка на Република Македонија.

По сите тие консултации, Димитар Богов беше посочен како најквалитетна, најпрофесионална и најсоодветна личност за извршување на оваа функција и кандидирање за негов втор мандат, се додава од кабинетот на претседателот .

-По извршените консултации, Претседателот Иванов оствари средба со премиерот Заев на 26 март оваа година, на која македонскиот претседател го запозна премиерот за исходот од консултативните средби и дека Димитар Богов ќе биде предложен за нов мандат од страна на македонскиот претседател, информираат од кабинетот на Иванов.

Потоа, како што информираат од Вила Водно, следувала и средба на претседателот Иванов со гувернерот Богов на која македонскиот претседател му ја соопштил својата намера на г. Богов дека ќе биде предлог за гувернер на НБРМ.

-Откако актуелниот гувернер му дал согласност на претседателот Иванов за негова повторна кандидатура, г. Димитар Богов остварил средба со премиерот Заев на која му ја искажал согласноста за одлуката на македонскиот претседател за негова повторна кандидатура. За предлогот Димитар Богов да биде гувернер на НБРМ, освен премиерот Заев информиран е и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, велат од кабинетот на Иванов.

Оттаму информираат и дека претседателот Иванов изминатиот период остварил и средби со други потенцијални кандидати за гувернерското место, меѓу кои и со г. Фатмир Бесими.

-На сите тие средби, не била посочена ниту една забелешка за работата на актуелниот гувернер, ниту за работата на НБРМ. Напротив, на сите средби преовладувал ставот дека г. Богов заслужува повторна кандидатура и дека е најдоброто решение, кое е потврдено и во извештаите на ЕК, велат од Кабинетот на претседателот Иванов.

Согласно своите овластувања, претседателот Иванов на 27 април 2018 година предлогот го достави до Собранието на Република Македонија. Претседателот Ѓорге Иванов, повторно го предложи Димитар Богов за гувернер на Народна Банка на Република Македонија. (МИА)

Tags: IvanovБоговгувернерНБРМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ