Зоран Иванов, новинар, се осврна на новинарството, колку се подготвени ментално да одговорат на прашањата на јавноста, вклучително на социјални теми, на завршната конференција „Зелено општество за сите“, во организација на ЦИВИЛ, во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
На јавниот сервис, новинарите го пуштија гостинот да го троши времето за својата агенда, ние гледачите сме измамени, поради тоа што не смогнаа сили да ги наметнат своите правила.
Новинарите, имам чувство дека не сме подготвени да одговориме на барањата на гледачите.
Како очекуваме медиумите да покренат нешто, кога самите медиуми чуствуваат страв од одредени кандидати.
Дали уредувачката политика ќе дозволиме да ни ја водат кандидатите и политичките партии, наместо редакциите и колку редакциите се подготвени да ги издржат притисоците на политичките парии.
Ние (новинарите) наместо да дејствуваме како коектори, сме пасивни посматрачи, им дозволуваме преку нас да ги лажат граѓаните.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Игор Чадиноски