• Latest

Иванов повторно го предложи Богов за гувернер на Народна банка

April 30, 2018
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Иванов повторно го предложи Богов за гувернер на Народна банка

April 30, 2018 11:18
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Ѓорге Иванов, повторно го предложи Димитар Богов за гувернер на Народна Банка на Република Македонија.

Согласно своите овластувања, претседателот Иванов, предлогот го достави до Собранието на Република Македонија.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на шефот на државата, со цел Република Македонија да добие гувернер кој најодговорно ќе ја извршува оваа значајна функција, претседателот Иванов во изминатите два месеца изврши консултации со Сојузот на Стопански Комори, со Стопанската комора на Македонија, со Здружението на банкарството, со МАНУ и со други релевантни фактори од оваа област, и се водеше исклучиво од квалитетот и професионалноста на личноста која ја предлага.

– Водењето на монетарната политика и севкупното централнобанкарското работење во нашата држава, во континуитет е позитивно оценувано во извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија. Од 2015 година па наваму, Народната банка на Република Македонија, според оценките на ЕК бележи одличен напредок во остварувањето на своите цели и задачи, во согласност и со законодавството на ЕУ. Во тој контекст особено е нотирано постигнувањето и одржувањето на ценовната стабилност, одржувањето на девизните резерви, одржувањето на фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото и користењето на операциите на отворениот пазар и задолжителната резерва. Позитивно се оценува и усогласувањето на правната рамка на монетарната политика со легислативата на ЕУ, и активностите за обезбедување на функционална и институционална независност на централната банка, се посочува во соопштението.

Димитар Богов е гувернер на Народната банка на Република Македонија од 2011 година. Тој има 23-годишно работно искуство од кое девет години на раководни позиции во јавниот сектор, една година во областа на деловните консултантски услуги и четири години на висока раководна функција во најголемата македонска банка. Богов работел како раководител во Државниот завод за статистика и во Министерството за финансии, каде што бил одговорен за изготвување макроекономски статистики, економска анализа, макроекономско планирање, предлози за економската политика и бил вклучен во преговорите со ММФ. Од 2002 година до јануари 2007 година, тој работел како главен економист во „Стопанска банка“ АД Скопје, членка на групацијата НБГ, каде што бил одговорен за изготвување економска и пазарна анализа, деловно планирање, управувачко сметководство и управување со ризиците. Од 2007 до 2011 година, тој ја извршувал функцијата на вицегувернер на Народната банка на Република Македонија и бил одговорен за финансиските пазари, управувањето со девизните резерви и платните системи. Тој е член на Управниот одбор на Виенската иницијатива 2.


Извор: МИА

Tags: IvanovБоговгувернерНБРМпредлог
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ