• Latest

Иванова: Излегувањето од примитивизмот ќе ни дозволи нам и на нашите деца да изградиме цврсти вредности

April 13, 2022
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Иванова: Излегувањето од примитивизмот ќе ни дозволи нам и на нашите деца да изградиме цврсти вредности

April 13, 2022 09:48
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

-Треба конечно да се напушти она ниво на прифаќање и одредување флоскули, односно, истите треба да се имплементираат во општеството како едни од најважните вредности за градење на цврсти темели, особено за новите генерации, затоа што токму тие разлики во цивилизациските вредности, во културата, во начинот на домашното воспитување, се еден вид на егзотика, и на тој начин всушност треба да гледаме на сите тие разлики, затоа што тие разлики, особено во уметноста, во креирањето на музичките производи, но и во културата, се нешта кои ни помагаат да ги прошириме нашите хоризонти, да стигнеме до една егзотика која на вистински начин ќе комуницира помеѓу креаторите и публиката, и на тој начин конечно да оствариме еден заеднички јазик, кој нема да се занимава со тоа кој на која етничка група припаѓа.

Ниту пак некого ќе интересира зошто одредена група луѓе се однесуваат вака или онака, односно ќе се напушти таа потреба да се вперува прстот дека одредени прашања во општеството се всушност, заради тоа што одреден поединец, со одредено девијантно однесување,припаѓа на одредена етничка заедница вели пијанистката Дуња Иванова на панелот на ЦИВИЛ  „Општествената одговорност на уметниците во промовирањето на европските вредности и почитувањето на различностите“.

Во Европа нема место за такви национал-шовинистички призвуци, и конечно, излегувањето од тие ровови, од тој примитивизам, ќе ни дозволи нам, и на нашите деца, да изградиме цврсти вредности во кои тие ќе уживаат, како фундамент на општеството. Сметам дека токму музиката, уметноста воопшто, и спортот, се најмоќното оружје за креирање на јавното мислење. Секако дека политичките лидери за жал, се уште ја имаат најголемата улога во овој сегмент, но сметам дека време е да се напушти сето тоа и дека конечно, уметноста ќе биде онаа која ќе им помогне на сите луѓе да се грижат за суштината, наместо за формата. Особено преку музиката како еден од највлијателните медуми, особено што во последно време и помеѓу помладите композитори, но и претставницитена средната генерација, веќе се осмелуваат да зборуваат преку музиката затоа што конечно, сфатија дека копањето во старите проблеми и одново актуелизирање на некакви примитивни вредности, не носи кон никаков прогрес.

Моќта кај уметниците и воопшто кај оние кои создаваат уметност, е да ги користат производите на културата како еден медиум. Да се обраќаа, да убедуваат, да корегираат девијантни појави во општеството, и да привлечат кон себе што повеќе публика која ќе им верува. Затоа што единствено на тој начин, затоа пто музиката какоуметност која комуницира најблиску и најдиректно со човекот, и не само преку сетилата, не само преку емоциите, затоа што пренесува силна содржина… Верувам дека е најмирољубивиот начин за разрешување на некои тешки општествени прашања.

Јас како музички изведувач, секогаш, и во минатото, и сега, сум музицираласо најразлични состав, дали тоа биле камерни или други оркестри, па дури и кога соработувам со одредени композитори, секогаш сакам да научам нешто поинакво, нешто ново, нешто различно од тоа што јас го перципирам. Меѓутоа, јас не можам да ги сведам тие разлики единствено на тоа дека некој припаѓа на некоја одредена етничка заедница, или се моли на овој или оној Бог, затоа што кога ние создаваме музика, за нас не постојат граници, за нас во тој момент е важна музичката форма , музичката содржина, и сите разлки кога ги споделуваме меѓу себе, всушност ни помагаат подобро да го разбереме делото, и истото да го споделиме со јавноста.

Мислам дека единствениот модус е да покажеме свој личен пример во секојдневниот живот, не само промоција на убаво срочени мисли и пораки, туку нешто што практично ќе го покажеме. Уметноста е најмоќниот медиум, и ако успееме еден човек да промениме во своите примитивни мислења и  разлики кои се уште за жал постојат, мислам дека сме на правиот пат.

Дијана Тахири

Камера: Атанас Петровски

Фотографија: Биљана Јордановска

Реализација и монтажа: Ариан Мехмети


Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ