• Latest

Ивановска: Будењето на свеста е основната алка на демократијата и на борбата против корупцијата

July 8, 2020
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Ивановска: Будењето на свеста е основната алка на демократијата и на борбата против корупцијата

July 8, 2020 15:34
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во екот на изборната кампања, а во пресрет на денот на гласање, ЦИВИЛ Медиа разговараше со претседателката на Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси, Билјана Ивановска.

Фокусот на разговорот беше политичкото финансирање, новитетите во ДКСК во негово следење како и помошта што може да ја понуди граѓанското општество, но и граѓанките и граѓаните во поглед на коруптивните елементи во финансирањето на политичките партии.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се главните постигнувања на ДКСК во изминатиот период?

Ивановска: Од самото конституирање на Комисијата до денес постојано имаме некаков бурен период. Само што почна Комисијата со работа започна изборната кампања минатата година за претседателските избори. Кога завршија се зафативме со изготвување на Стратегијата… тоа се сè некои крупни случувања што ја одбележуваат работата на Комисијата. Во меѓувреме почнавме многу процеси што беа закречени во оваа држава, отворивме многу теми што јавно беа познати, но никој не збореше за нив. јас сум горда на тоа што на некој начин успеавме да направиме методологија за разоткривање на сите тие шеми, да речеме кај вработувањата, на пример.

Минатата година добивме многу предмети по статистиката што ја направивме во Годишниот извештај, излезе дека сме сработиле десет пати повеќе отколку што последните пет години заедно стасале предмети во Комисијата.

Ние не можеме истовремено да ги сработуваме сите пристигнати пријави да бидат во исто време и сработени во исто време, затоа што капацитетите ни се ограничени, односно воопшто не се променети од претходните периоди. Сепак се трудиме да направиме нешто повеќе.

Тоа што ја одбележува претходната година се изборите, прашањата за непотизам, се повеќето прашања кои што ги дадовме пред јавниот обвинител, кривични пријави, иницијативи итн. Стратегијата што ја направивме, покренавме повеќе иницијативи за одговорност пред Владата на РСМ, каде што, за жал, можам да констатирам дека и покрај тоа што не смееме да бидеме целосно незадоволни, сепак, тие преземаат некакви мерки, меѓутоа не можат јавно да признаат дека погрешиле.Ова го кажувам од причина што ДКСК е единствена институција која што го утврдува судирот на интереси. Во два наврати утврдивме судир на интереси, а од Владата добивме одговор дека тие погрешиле, не е судир на интереси…

Пречки има колку сакате, пречки од страна на Јавното обвинителство каде ни се отфрлаат иницијативите заради ненаоѓање елементи за кривична одговорност. ќе го спомнам случајот со градоначалникот од Матка и повторно ќе кажам ако тоа не е случај за кривична одговорност каде што му е овозможено на ннекој поединец да остварува материјални сретства врз основа на некаква дивоградба, тогаш нека се менува кривичниот законик. Затоа сега бараме мислење од Советот за јавно обвинителство, од Републичкото јавно обвинителство, сè со цел да ја отвориме дебатата, да го слушнеме стручното мислење, од една страна, од друга страна, многу е важно секое службено лице без разлика на нивната неприкосновеност треба да знааат дека нивната работа е под мониторинг. Како што нашата работа е транспарентна така на секој поединец работата треба да му е транспарентна.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се ингеренциите на ДКСК во изборен контекст?

Ивановска: ДКСК согласно законот има надлежности да го следи финансирањето на изборната кампања, да ги следат финансиските извештаи, но исто така да следи сè она што се случува во изборниот процес, особено од аспект на трошење на буџетски средства. Тоа е она каде лежи главносто тежиште на одговорноста. За таа цел имаме преземено повеќе активности. Минатата година направивме една алатка, веб апликација за следење на службените возила. Таа сега ја абдејтиравме поради можни промени во текот на годината, имаме и алатка за пријавување на неправилности. Од друга страна, за да го следиме целосно финансирањето на кампањата, оваа година согласно измените на Изборниот законик, ќе имаме пристап до банкарските сметки, до трансакциските сметки на партиите што се отворени до изборна кампања, така што ние на дневна основа имаме информации, кој сè е донатор на полиитчките партии.

Значи, веќе ние не сме ослонувааме на тие што ќе пријават, туку веќе изворно си ги следиме тие работи. За да не се случуваат појави како во претходните периоди кога лица кои беа социјално загрозени или невработени, се наоѓаа на списокот на донатори, оваа година собравме податоци од Министерството за труд и социјална политика и од агенцијата за вработување, со цел да го имаме списокот на невработените и социјално загорзените и да ги споредиме со листата на донатори. Исто така, важна новина оваа година, со меѓународна поддршка, е да обезбеди 17 набљудувачи што се распоредени по сите изборни единици, кои, исто така, на дневна основа ни даваат извештаи и не известуваат за сè друго што се случува на терен од рекламирање, од паноа, изборни штабови кај се наоѓаат, значи целокупното работење на политичкото рекламирање на терен. Сметам дека сега имаме одлична покриеност, плус соработката што ја имаме со граѓанските здруженија и со набљудувачите на ЦИВИЛ. Сетам дкеа клучните контроли се поставени.

ЦИВИЛ Медиа: Дали политичките партии вршат, односно почнаа да вршат притисок врз работата на ДКСК?

Ивановска: Не сме почиствувале пртисок. Апсолутно никој не се јавил нешто да бара. Не.

ЦИВИЛ Медиа: Што можат да нашрават граѓанските организации и граѓанките и граѓаните во борбата против корупцијата?

Ивановска: Сè. Во основа граѓанките и граѓаните се тие кои се ранливата група на која што е целна група на поединци кои сакаат да ги придобијат за остварување на свои лични цели и интереси. Треба да бидат свесни, одговорни за работата што ја работат и да не подлегнуваат на никакви влијанија. А се она што ќе го забележат дека се случува во таа насока да нè известат нас или друга надлежна институција.

Будењето на свеста е основната работа, алка на демократијата и на борбата против корупцијата, воопшто.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ