• Latest

Ивановски: За слободни медиуми потребна е финансиска независност

November 22, 2017
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ивановски: За слободни медиуми потребна е финансиска независност

November 22, 2017 14:26
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Драган Ивановски, главен и одгворен уредник на Тв Плус, Куманово, во интервју за ЦИВИЛ Медиа изјави дека без финансиска независност со тек не време, сите медиуми стануваат пристрасни кон некоја опција, со цел да опстанат.

Ивановски истакна дека проблем е што донаторите ги немаат локалните медиуми на радар и ретко кога имаат повик што се однесува на медиуми.

ЦИВИЛ: Што подразбирате по слобода на изразувањето, медиумски слободи и активизам?

Ивановски: Под слобода на медиуми подразбирам начин да се пренесат вистински работите до гледачите и да не се манипулира со информациите. Убеден сум дека за слободни медиуми треба да бидат финансиски независни. Без независност во финансиите, со тек на време медиумите стануваат пристрасни кон некоја опција за да опстанат и се одлучуваат за тип на информирање кој предизвикува проблеми, кога некој дргу ти ја диктира уредувачката политика.

Под активизам не подразбирам само упатување од граѓанските организации кон работи што се некоректни во општеството, затоа што и медиумите имаат свој удел. Тие можат да апострофираат на некои работи што се случуваат во општеството, во секојдневието и да апелираат до надлежните тие работи да се корегираат. На тој начин ќе ги изложат на увид на јавноста, со што јавноста би извршила притисок на надлежните, со надеж дека тие ќе превземат нешто и работите да тргнат во вистинска насока.

ЦИВИЛ: На кој начин ги поддржувате или можете да ги поддржите слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Извновски: Локалните и регионалните медиуми имаат огромни потешкотии во опстојувањето. Има еден сет на закони што се косат сами со себе. На пример, ние плаќаме концесија за одредена општина или регион, а во истиот тој регион кабелските телевизии немаат обврска да ве пренесуваат.  Апсурдна ситуација која може да ве доведе до работ на опстанок. Дополнително се присутни давачките кон државата. На пример, концесијата, ако веќе не можат да те следат сите гледачи во регионот, тогаш зошто се плаќа за целиот регион… тоа создава одредена тежина посебно кон локалните медиуми затоа што се слаби и неорганизирани. За разлика од националните што се поорганизирани и посилни и можат да дојдат да своите права. Ние никако да се здружиме и да направиме некој обид да се избориме за нашите права.

И покрај овие проблеми, што се појавуваат во нашето работење, се обидуваме да бидиме во контакт со реалноста и да им ја пренесеме на граѓаните, а исто така да ја одржуваме соработката со невладините организации.

Оттаму потекнуваат големиот број на акции што ние ги поддржуваме… Мал проблем претставува тоа што донаторите како да не немаат на нивниот радар. Многу ретко постојат повици за медиуми, преку кои ќе можеме да си помогнеме и во финансирањто. За сега тоа го правиме во партнерство со невладините организации.

ЦИВИЛ: Дали се соочувате со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќта и како се справувате со нив?

Ивановски: Директни закани сме немале. Ако мислите на пример, некој да ви се јави на телефон и да се закани или да те сретне на улица и да се заканува, тогаш не, таков вид на закани сме немале. Веројатно веќе сфатија, до толку се интелегентни дека на тој начин сами на себе ќе си направат проблем.

Меѓутоа, доволен е притисокот кога ќе чуеш муабет од трет човек, дека тоа што го работиш, не треба така да се работи. Доволен е притисокот ако некои фирми имаат забрана да се рекламираат во вашиот медиум. Или, во некои конкурентски медиуми, некои фирми имаат наредба таму да се рекламираат. Доволен е тој притисок, кога ти се соочуваш со опстанок, а конкурентскиот медиум нема таков проблем. Тогаш настануваат проблеми од типот, поголема плата, преминување од медиум во медиум, што е сосема логично при пазарна економија…

ЦИВИЛ: Кои се вашите препораки, како да се одбранат слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Ивановски: Првин треба да се преиспитаме самите себе и мора да смениме некои работи во начинот на размислување. Ние медиумите сигурно можеме да одиграме голема улога во тој процес. Кога велам дека треба да го смениме начинот на размислување, не мислам само на новинарите, туку и на граѓаните на Република Македонија.

Сè додека ние сме држава во којашто младите својот просперитет го гледаат во припадност на некоја партија, со квалитетот што го поседуваат, сè дотогаш нема да бидеме држава што негува вистински вредности. Мора нешто во менталитетот да се промени. Ние како медиуми и членовите на невладините организации и активистите мора да делуваме на терен тоа да се промени. Ништо нема да се промени на чудесен начин, преку ноќ, но верувам ако тргнеме во тој правец со годините можеби ќе можеме да стигнеме до некое правилно размислување каде неправилностите ќе се истакнуваат, а нема да се кријат под тепих.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: @активизамДраган ИвановскиКумановослобода на изразувањеслобода на медиумиТВ Плус
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ