Иако Владата сè уште не донесе одлука дали ќе има полициски час за време на празниците Фитр Бајрам и Св. Кирил и Методиј, како што предложи Комисијата за заразни болести, веќе од Исламската верска заедница во РСМ, издадоа насоки и мерки кои треба да се спроведат во секоја џамија при обавувањето на намазот на Фитр Бајрам:
– Сабах намаз да се обавува дома:
– Обавувањето на намазот на Фитр Бајрам да не биде подолго од 15 минути;
– Максимално да се избегнат поздравите со физички контакт;
– Откажување од посета на гробишта;
– За време на Фитр Бајрам, традиционалните посети треба да бидат што е можно помалку;
– Дезинфекција на џамии;
– Задолжително носење маска;
– Чистење раце со средство за дезинфекција при влезот во џамијата или да се носи ракавици;
– Секој верник треба да има лично сеџаде;
– Што повеќе да се користат дворовите на џамиите за обавување на молитвите;
– Меѓу верниците да се запази физичката дистанца колку што е можно повеќе;
– Забрането е престој во групи пред или по обавување на молитвите во џамијата;
– Абдест да се зема дома – абдесхањата и тоалетите ќе бидат затворени;
ПС: Поради сегашната состојба со коронавирус, Ријасетот на ИВЗ ја откажа организацијата на традиционалната централна манифестација по повод Фитр Бајрам“, соопшти Х.Сулејман еф. Реџепи од ИВЗ.
Д.М.