• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанското разузнавање откри руски и српски разузнавачки операции против државата; во Србија убиен полицаец, Дачиќ тврди дека осомничениот е Албанец од Косово

July 18, 2024

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанското разузнавање откри руски и српски разузнавачки операции против државата; во Србија убиен полицаец, Дачиќ тврди дека осомничениот е Албанец од Косово

July 18, 2024 10:10
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Државната разузнавачка служба открила операции против Албанија на руски и српски разузнавачи. Информацијата до Собранието на Албанија ја соопшти шефицата на ШИШ( ДРС) , Влора Хисени, која даде извештај  во Комисијата за безбедност, известија албанските медиуми.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека синоќа во градот Лозница, Србија е убиен полицаец, додека друг е тешко повредена на местото на настанот полицијата го пронашла пасошот на осомничениот, издаден од косовските институции на име Артан Хајзири, пренесоа косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Еуроњуз: Се спротивставивме на непријателските операции на руската и српската шпионажа, вели шефицата на Државната разузнавачка служба на Албанија

Државната разузнавачка служба открила операции против Албанија на руски и српски разузнавачи.

Информацијата до Собранието на Албанија ја соопшти шефицата на ШИШ( ДРС) , Влора Хисени, која даде извештај  во Комисијата за безбедност.

„Ние главно се фокусиравме на операции поврзани со организиран криминал, антитероризам, шпионажа, што вклучува спротивставување на активностите на руските, српските и другите разузнавачки служби, со непријателски цели во однос на Албанија“, рече таа.

Во краткиот дел од известувањето за отворени врати, Хисени рече дека тајните служби им помогнале на полицијата и на обвинителството во борбата против криминалот.

„Имаме зголемена соработка и информативна поддршка за агенциите за спроведување на законот во однос на нивната предметна надлежност, како што се СПАК, БКХ, Генералниот директорат на државната полиција, Јавното обвинителство и други институции, заклучи Хисени.

Состанокот на комисијата за безбедност продолжи зад затворени врати, поради тајноста што ШИШ ја одржува во овој годишен извештај, пренесе  Еуроњуз.

Телеграфи: Парламентот на Албанија денеска расправа за нацрт-декларацијата за укинување на законот за војна со Грција

Албанското собрание  денеска ќе одржи пленарна седница на која на дневен ред ќе биде расправата за Предлог-декларацијата „За зајакнување на соработката со Република Грција и укинување на законот за војна“, пренесе Телеграфи.

КОСОВО

Бота Сот: Во Србија убиен полицаец, друг е повреден;  Дачиќ тврди дека на местото на настанот бил пронајден пасош на Албанец од Косово

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека синоќа во градот Лозница, Србија е убиен полицаец, додека друг е тешко повреден, пренесе Бота Сот.

Тој додаде дека силни полициски сили интензивно трагаат по авторот, а на местото на настанот полицијата го пронашла пасошот на осомничениот, издаден од косовските институции на име Артан Хајзири (1991).

Газета Експрес: Косово и Србија денеска мора да поднесат коментари за планот за секвенционирање

Се очекува Владата на Косово денеска во Брисел да ги достави коментарите за документот од планот за секвенционирање на договорот за нормализација на односите со Србија.

Од Владата велат дека ќе одговорат на барањето на европските посредници, но имплементацијата на договорот бара ист пристап и од другата страна.

Владата на Република Косово во предвидениот рок, односно на 18 јули, според барањето на емисарот Лајчак, ќе ги достави своите писмени коментари за документот од планот за секвенционирање.

„Континуирано, во текот на минатата и оваа година, нашата страна изнесуваше конкретни предлози и коментари за секоја точка, за верзиите на планот за секвенционирање, докажувајќи ја конструктивноста, како и подготвеноста и волјата за спроведување на договорите. За да се спроведат договорите во целост, потребен е истиот пристап од другата страна, нешто што за жал досега недостасуваше“, велат од Владата.

На последната средба во Брисел немаше напредок во спроведувањето на Договорот, пренесува косовскиот дневник Газета Експрес.

КОЛУМНА

Коха: Доналд Трамп, револуционерот

„Од неделата, крената тупаница на Доналд Трамп по неуспешниот обид за атентат стана симбол на американската десница. За неколку секунди, маж – кој со недели имаше медиумска слика на постар човек со прекумерна тежина – беше осуден за прикривање исплати на порнографска актерка со намера да го купи нејзиниот молк за сексуалниот однос (платен од тој) во првите неколку години – се претвори во човек со крв на лицето, крената тупаница, со решителност во очите и изразот на лицето и со крикот „бори се, бори се!“.“, пишува Авторот Ветон Сурои во освртот за актуелните политички превирања но и нови состојби, по обидот за атентат на поранешниот претседател и актуелен кандидат, во колумната „Доналд Трамп, револуционерот“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ