• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУ стопира финансирање на владини проекти во Албанија поради корупција; Лајчак вчера одлучил да нема тројна средба со преговарачите од Косово и Србија; судењето против Тачи и другите продолжува по 14 август

July 20, 2023
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вирусологија

September 8, 2026
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУ стопира финансирање на владини проекти во Албанија поради корупција; Лајчак вчера одлучил да нема тројна средба со преговарачите од Косово и Србија; судењето против Тачи и другите продолжува по 14 август

July 20, 2023 11:31
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија одлучи привремено да ги стопира надоместоците за албанската влада за финансирање на земјоделски проекти кои се реализираат во рамките на ИПАРД II, врз основа на првичните информации обезбедени од Европската канцеларија за борба против измами [OLAF], по истрагата за наводите за корупција поврзани со спроведувањето на програмата ИПАРД II. По завршувањето на средбите во Брисел, главниот преговарач на Косово во дијалогот со Србија, Бесник Бислими изјави дека посредникот на овој процес Мирослав Лајчак одлучил во овој момент да нема тројна средба јавуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Албеу: ЕУ го стопира  финансирањето на владата за земјоделски проекти, по истрагите за корупција

„Европската комисија одлучи привремено да ги стопира надоместоците за албанската влада за финансирање на земјоделски проекти кои се реализираат во рамките на ИПАРД II Програмата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Одлуката е донесена „врз основа на првичните информации обезбедени од Европската канцеларија за борба против измами [OLAF], по истрагата за наводите за корупција поврзани со спроведувањето на програмата ИПАРД II“, соопшти Делегацијата на ЕУ во Тирана, прецизирајќи дека ова е „превентивна мерка за заштита на финансиските интереси на Европската унија“. ИПАРД II (2014-2020) обезбеди вкупна поддршка од 71 милион евра, од кои 25 отсто се финансирани од албанската влада.“, пренесе Албеу.

Ора Њуз: Бродот „Бутринти“ дел од операцијата за спасување на 52 имигранти од Судан и Јемен

Албанскиот брод „Бутринти“ беше дел од операцијата каде што 52 имигранти од Судан и Јемен беа спасени од гумен чамец во опасност на турскиот брег, благодарение на соработката меѓу грчката и турската крајбрежна стража, пренесе Ора Њуз.

КОСОВО

Телеграфи: „Косовската страна беше заинтересирана за трипартитна средба“ – изјавите на главниот преговарач Бислими и претставникот на ЕУ, Лајчак по средбата во Брисел

Главниот преговарач на Косово Бесник Бислими и српскиот Петар Петковиќ во средата беа во Брисел, но средба меѓу нив немаше.

По завршувањето на средбите во Брисел, главниот преговарач на Косово во дијалогот со Србија, Бесник Бислими изјави дека посредникот на овој процес Мирослав Лајчак одлучил во овој момент да нема тројна средба.

Според него, косовската страна била заинтересирана за средба меѓу тројцата претставници, пренесе Телеграфи.

Газета експрес: Денеска е последниот ден на судењето против Тачи и другите во Специјалниот суд,  пред летната пауза

Денеска во Специјализираните совети на Косово, во судскиот спор против Хашим Тачи и други, е последниот ден од судењето пред да започне летниот распуст.

Според работниот календар на Специјализираните комори на Косово со седиште во Хаг, летниот распуст започнува на 24 јули, додека седниците ќе започнат на 14 август, пренесе Газета Експрес.

КОЛУМНИ

Коха: Европски Балкан“ наместо „Балкански Балкан“

„Отворен Балкан“ функционираше со политичка премиса дека така за првпат се развива можноста за „Балканот на Балканците“, односно за моделирање на регионот според потребите на неговите народи и со политичката волја на неговите народи.

Оваа премиса не функционира на нејзините две оски. Балканот не е автарктична, самодоволна и посебна област до таа мера што не е дел од сопствениот континент. Згора на тоа, сосема е невозможно да живее во мир со себе ако не е дел од сопствениот континент, ако не е дел од четирите слободи на Европската унија и под капата на заедничката кооперативна безбедност.

Сепак, идејата за напуштање на премисата „Балканот на Балканците“ на Балканот отворена за транзиција кон Берлинскиот процес ,не значи автоматска транзиција кон премисата Балкан на Европејците. Во Берлинскиот процес, како и денес, во голема мера постои инерција на ритуалите на повторување, еднаш на секои шест месеци, дека за Западен Балкан има место во ЕУ. И, како што е кажано погоре, еуфоријата и добрата волја не се доволни. “, пишува авторот Ветон Сурои во колумната „Европски Балкан“ наместо „Балкански Балкан“, објавена во Коха.

Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ