• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Италија бара да се смени договорот со Албанија за мигрантите; Велика Британија размислува за извоз на оружје во Косово; Постизборни дилеми – како да се претвори поразот во победа

February 10, 2025

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Италија бара да се смени договорот со Албанија за мигрантите; Велика Британија размислува за извоз на оружје во Косово; Постизборни дилеми – како да се претвори поразот во победа

February 10, 2025 13:01
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во денешното издание на АЛ-Прес, редакцијата на ЦИВИЛ Медиа одбра неколку содржини од албанските медиуми во регионот.

Во Албанија еден од најглавните наслови е најавата на италијанскиот министер за ЕУ, Томазо Фоти, за промена на договорот за имигрантите  со Албанија, со кој овластувањата би се префрлиле на Тирана.

Во Косово, освен резултатите од вчерашните парламентарни избори, ја одбравме и веста за иницијативата во најава на Британското Министерство за одбрана за потенцијалниот одбранбен извоз во Косово.

Во продолжение се поместени сите содржини од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА 

РТШ: Италија бара  да се смени договорот за имигрантите, надлежностите да преминат на Тирана

Италијанската влада е решена да не ги суспендира договорите со Тирана за имигрантите и поради оваа причина се чини дека подготвува нов декрет со кој овластувањата на прифатните центри во Ѓадер и Шенѓин ќе ги префрли на јурисдикција на Тирана. Сето ова по се изгледа го прави владата на Мелони за да избегне одлуките на Судот во Рим да не го отфрлат престојот на имигрантите и кампот Ѓадри да не остане празен со месеци, пренесува РТШ.

Ова го најави министерот за ЕУ, Томазо Фоти, кој рече дека ќе се види дали Владата ќе интервенира со нова законска уредба „пред одлуката на Европскиот суд на правдата, која може да пристигне најрано до март, кој се очекува да се состане на 25 февруари“.

Во потрага по начин, по три последователни одбивања на притворања на имигранти од страна на судиите за имиграција и Апелациониот суд, владата смета дека центрите може да се управуваат од Тирана, а не од Рим како досега.

Балкан веб- Бериша: Главниот архитект на триумфот на Трамп ќе ја води нашата кампања за победа на изборите на 11 мај

Шефот на Демократската Партија Сали Бериша денеска го претстави шефот на кампањата на Демократската партија, кој е Кристофер Лацивита, кој претходно ја водеше кампањата на Доналд Трамп во САД.

Бериша најави  дека ЛаЦивита ќе ја води кампањата на ПД кон победа на изборите на 11 мај, пренесе Балкан веб.

КОСОВО

РТК: Британија размислува за извоз на оружје на Косово

Британското Министерство за одбрана го истражува потенцијалниот одбранбен извоз во Косово, земајќи ги предвид потенцијалните придобивки што тоа би ги донело, и за безбедноста на Косово и за одбранбената индустрија на ОК, пренесе РТК .

Репортери: Пребројани се 90,13% гласови: ВВ прва со 41%, ПДК втора со 22,37%, ЛДК трета со 17,57%

Движењето Ветевендосје води со 41 отсто од гласовите по пребројувањето на 90,13 отсто од гласовите или 2 илјади 283 кутии од вкупно 2 илјади 533 кутии, покажуваат најновите податоци на Централната изборна комисија ажурирани во 11:07 часот, пренесе Репортери.

На второ место е ПДК со 22,37%, ЛДК трето со 17,57%, а ААК 7,56%.

Додека коалицијата Листа за семејство доби 2,30%.

Бота сот- АГК: Ги повикуваме партиите да не ги попречуваат новинарите во извршувањето на нивните работни задачи

Здружението на новинари на Косово ги повика партиите вклучени во изборниот процес да не ги попречуваат новинарите да известуваат.

Ги повикуваме сите страни да не ги спречуваат новинарите во извршувањето на нивните професионални должности, како и органите на прогонот да гарантираат безбедна средина за нивната работа“, се вели во нивната реакција, пренесе  Бота Сот.

КОЛУМНА

Коха: „Постизборни дилеми. Како поразот да се претвори во победа“

„Ако се оцени врз основа на очекувањата и намерите искажани во кампањата, сите политички партии загубија. Затоа се што беше кажано во текот на кампањата повеќе не важи. Сега политичките партии мора да го претворат поразот во победа со собирање на потребните гласови за создавање на влада. Дури и ВВ од една страна, а другите три партии заедно од друга страна, можат да направат мнозинство само со гласовите на малцинствата. Затоа по овие избори се очекува поголема тежина да имаат пратениците од малцинството.“, посочува авторот Аугустин Палокај во неговото писание ден по изборите во Косово.

Тој се осврнува на начинот на формирање нова влада, кој ќе биде посебен предизвик за партиите учеснички во изборите.

„Така, сега фокусот ќе биде на тоа како резултатите од изборите ќе се преточат во процесот на формирање влада. ВВ треба прва да го добие мандатот за да се обиде да создаде мнозинство. Ако не успее, ако докаже дека капацитетот за градење коалиции не е доволен, тогаш треба да преземе друга партија. Во нормалните земји преговорите за формирање влада траат неколку месеци, во Белгија на пример владата беше формирана пред една недела и тоа по повеќе од осум месеци дискусии. И не помина толку долго откако Белгија ја формираше владата по речиси две години. Од развиените земји и општества имаме и примери како веќе не важи кажаното во кампањата и дека идеолошките разлики не се нужно пречка за коалицирање.“, пишува Авторот Аугустин Палокај во колумната „Постизборни дилеми. Како поразот да се претвори во победа“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Пподготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ