• Latest
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025 13:33
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Опозициските партии – вклучувајќи ги ПДК, ЛДК, ААК, Нисма и Српска Листа – одбија да номинираат членови за комисијата што ќе го организира тајното гласање за претседател на собранието, сметајќи го овој процес некомпатибилен со Уставот, така што ниту денеска пратениците не успеаја да конституираат собрание во косово, пренесоа косовските медиуми. 

Една од главните теми Косово по неуспевањето конститурирање на собранието, е изградбата на два моста врз реката Ибар во Митровица. Откако веќе се фрлени темелите, денеска од Српска листа покренаа петиција против изградбата на мостовите, пишуваат косовските медиуми. 

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот. 

 КОСОВО 

Панорама: Не успеа ниту 43-тиот обид за конституирање на косовското собрание опозицијата одби да предложи членови на Комисијата што ќе го организира тајното гласање за претседател на парламентот 

Како и во минатото, опозициските партии – вклучувајќи ги ПДК, ЛДК, ААК, Нисма и Листа Српска – одбија да номинираат членови за комисијата што ќе го организира тајното гласање за претседател на собранието, сметајќи го овој процес некомпатибилен со Уставот. 

 На отворено гласање, тие постојано се спротивставуваа на назначувањето на Албулена Хаџиу од движењето Самоопределување на оваа позиција. 

Ветевендосје, кое освои мнозинство гласови на парламентарните избори во февруари, инсистира дека тајното гласање е легитимно и сака да продолжи понатаму. 

Пратениците од ПДК, ЛДК и ААК излегоа на говорницата за да ја повикаат Ветевендосје да го прекине она што го нарекоа „политички циркус“ – што го натера претседателката да побара нивниот говор да биде прекинат, пренесе Панорама.  

Косова прес: Фрлени темелите на два моста врз реката Ибар во Миторвица, Курти вели дека заврши времето на барикадите  

Поставен е камен-темелникот на два нови моста преку реката Ибар, вредни приближно три милиони евра. Вршителот на должноста премиер Албин Курти не потврди дали се координирале со Европската Унија во врска со изградбата, велејќи дека работат според законот и во корист на граѓаните, нагласувајќи дека и главниот мост ќе биде отворен. 

На церемонијата на поставување на камен-темелникот присуствуваа вршителот на должноста премиер Албин Курти, заедно со градоначалникот на општина Северна Митровица, Ерден Атиќ, заменик-градоначалникот на општина Јужна Митровица, Аријан Тахири, вршителот на должноста министер за локална самоуправа, Елберт Красниќи и вршителот на должноста министер за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, Либурн Алиу, пренесе Косова прес.  

 Вршителот на должноста премиер Албин Курти објави дека мостот во близина на општина Северна Митровица ќе биде наменет за возила и пешаци, додека другиот на југ ќе функционира само за пешаци. 

РСЕ: Српска листа покрена петиција против изградбата на двата моста на Ибар 

На иницијатива на Српска листа, најголемата српска партија на Косово, која ја ужива поддршката на Белград, во Северна Митровица денеска е  покрената петиција против изградбата на мостови преку реката Ибар. 

Претседателот на Српската листа, Златан Елек, пред почетокот на потпишувањето на петицијата изјави за Радио Телевизија Србија дека целта е „да се покаже единствен став на српскиот народ, дека не прифаќа еднострани одлуки за проекти на штета на српската заедница“. 

Тој рече дека петицијата ќе биде достапна за потпишување во следните два дена, а потоа ќе биде доставена до меѓународната заедница. 

Европската унија претходно изјави за Радио Слободна Европа дека секоја одлука за изградба на инфраструктура по должината на реката Ибар мора да се донесе внимателно и на инклузивен начин – односно со целосно вклучување на сите засегнати заедници. 

Инфокус: Барањето на Тачи за одвојување на постапката во случајот против спроведувањето на правдата е одбиено 

Специјализираните совети на Косово (KSCC) во Хаг донесоа одлука со која го отфрлија барањето на поранешниот претседател Хашим Тачи за одвојување на постапката против него во случајот против спроведувањето на правдата. 

Одлуката е донесена на 30 јуни 2025 година, по барање на Тачи, судењето само против него да се одложи до завршување на случајот во кој тој е обвинет заедно со Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи за воени злосторства, објавува „Заклетва за правда“, пренесе Инфокуси.  

 Во одлуката, судијката на претходна постапка, Марџори Маселот, утврди дека аргументите на одбраната на Тачи се неосновани во врска со ова прашање и случајот за воени злосторства. 

АЛБАНИЈА 

Балкан веб: Министрите за надворешни работи на Албанија и Грција се сретнаа во Корча,  во фокусот на средбата е зајакнувањето на односите и европската интеграција  

Во Корча се одржа важна средба меѓу албанскиот министер за надворешни работи, Игли Хасани, и неговиот грчки колега, Јоргос Герапетритис. Церемонијата се одржа по повод инаугурацијата на новата зграда на грчкиот генерален конзулат во градот. 

Новата зграда на конзулатот се смета за мост на комуникација за граѓаните. Фокусот беше ставен на коегзистенцијата, развојот на образованието и дигитализацијата на услугите. На средбата во Корча беше потврдена посветеноста на продлабочувањето на билатералните односи, пренесе Балканвеб. 

КОЛУМНА 

Коха: „И по 30 години Сребреница е сè уште е на совеста на Европа“ 

„Не е доволно што на секоја годишнина од геноцидот во Сребреница, ЕУ повикува на „не смее да се негира  геноцидот“ и вели дека „нема место во Европа за негирање на геноцидот и препишување на историјата“. Додека ЕУ ги поддржува, ги нарекува „партнери“ и „пријатели“ оние кои јавно го негираат геноцидот во Сребреница, тврдењата од Брисел дека „нема место во Европа за негирање на геноцидот“ звучат многу лицемерно.“, пишува Авторот Аугустин Палокај, во колумната „И по 30 години Сребреница е сè уште е на совеста на Европа“, објавена во косовскиот дневен весник Коха.  

Подготви: Д. Тахири 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ