• Latest

Избори во Србија: Кога десет-нула не е десет-нула

April 1, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Избори во Србија: Кога десет-нула не е десет-нула

Трката меѓу манипулација, изборните нерегуларности и вистинското гласачко расположение на теренот се во тесна трка во неколку од десетте општини во Србија каде што во неделата се одржаа избори.

April 1, 2026 23:03
in РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Љубомир Костовски

Претседателот Вучиќ во неделата во 21 часот побрза и во директен пренос на своите телевизии изјави дека неговите победиле на локалните избори со 10:0. Ова му беше битно за да ја потврди својата „прогноза“, која просто не можеше да биде конечна бидејќи броењето не беше секаде завршено а веројатно ќе има и жалби на процесот на гласање.

По сите предизборни притисоци и манипулации со учество и на израелските експерти за валкани операции, денес се знае дека најмалку на две места, во Кула и Севојно резултатот и тоа оној официјалниот не ја потврдува констатацијата на Вучиќ пред камерите.

Најпрво во Кула член на избирачкиот одбор земал пред многу сведоци вреќа со избројани гласови и ја донел дома (!) а потоа, по извесно време од дома вреќата ја однел директно во општинскиот избирачки одмор, со јасна можност дека просто можел да ја промени содржината на избирачките ливчиња. Инаку, разликата помеѓу СНС и второпласираната листа предводена од студенти е 469 гласа, додека имало 427 неважечки гласачки ливчиња (упс!). Како да сфатиме дека токму со тие неважечки листови, можно пречкртувани во домот на оној крадец од избирачкиот одбор, ситуацијата да е „егал“?

Важно е да се каже дека студентската листа нема коалициони партнери, а коалицијата околу СНС ја сочинувале и Социјалистичката партија на Србија, Сојузот на војводинските Унгарци, Српската радикална партија и Сојузот на Србите. Уф, не можат да се добројат…

Според податоците на Општинската изборна комисија, три листи останале под цензусот – Граѓанската група „Млади за Кула“, за која студентите тврдеа дека е лажен список – тие освоиле 144 гласа, додека русинската листа добила 65 гласа, а српските либерали за зелената кула добиле 74 гласа.

По обработката на сите гласачки места во Кула, листата на владејачката коалиција околу Српската напредна партија (СНС) освои 11.796 гласови, што е 51,35 проценти од важечките гласачки ливчиња, додека студентската листа „Глас на младите на општина Кула“ освои 11.327 гласови, или 48,65 проценти, и ќе има 18 мандати.

Општинското собрание Кула има вкупно 37 советнички места.

Тука ќе има изедначен број на советници меѓу првиот и вториот на избирачката листа при што, според анкетата на независната телевизија N1, гласачите за Сојузот на војводинските Унгарци сите до еден изјавија дека тие можат да го подржуваат Вучиќ сѐ додека е тој во добри односи со Орбан. Но, велат дека ако Орбан падне и на власт дојде противкандидатот Маѓар работите ќе се сменат за миг и нивните советници ќе преминат кај студентите!

Во извештајот на „Блиц“ за изборите во Севојно се вели дека на локалните избори за Собранието на Градската општина на таа општина, листата „Александар Вучиќ – Севојно, нашето семејство“ го освои првото место со 49,60 проценти од гласовите и девет советнички мандати, додека две други листи освоија советнички мандати, според прелиминарните резултати на Општинската изборна комисија. Имено, во веста се прикрива дека исто толку мандати има освоено и студентската листа „Уједињени – Севојно“ која донела исто толку советнички мандати – 9!

Разликата од првиот по бројот на гласовите е речиси изедначена и заедно по вториот имаат по 9 мандати, што значи дека ќе ја делат локалната власт. Како? Па ќе видиме ама секако немаме резултат од 10:0.

 


ЦИВИЛ МЕДИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ