• Latest

Изборите, едноставно, мора да бидат слободни

February 1, 2018

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Изборите, едноставно, мора да бидат слободни

February 1, 2018 14:26
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Изјава ­по повод Глобалниот ден на изборите

На Глобалниот ден на изборите, време е да се потсетиме дека Република Македонија, од осамостојувањето до денес, се соочува со безброј предизвици во изборните процеси. Демократскиот карактер на изборите беше избришан, особено во текот на единаесетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кога изборните процеси беа сѐ само не слободни, фер и демократски. Во честите изборни процеси, правото на глас беше повредено и манипулирано на безброј начини, а изборите беа спроведени по пат на изборни кражби, политичка корупција, структурно насилство и жестока злоупотреба на моќта.

Изборната администрација на чело со Државната изборна комисија често беше само уште една институциите-причинители на нерегуларностите. Ни по реформите кои беа дел од договорот за надминување на политичката криза, склучен во 2015 година, ДИК не успеа да се издигне над дневно-политичките потреби на партиите чии лојални претставници се, всушност, во јадрото на оваа институција. Така, наместо институција која максимално го обезбедува правото на глас, ДИК стана генератор на повредата на правото на глас, а уште повеќе во текот на жалбените постапки од поединците и од политичките партии, во што неславна улога одиграа и други институции, почнувајќи од Управниот суд.

Неодамна, јавноста дозна за коруптивните практики и злоупотребите во оваа институција, по што членовите на ДИК поднесоа оставки, па така, институцијата веќе подолго време е обезглавена.

Иако тоа во овој момент изгледа како далечна и неостварлива визија, мора да инсистираме дека правото на глас е во основата на изборните процеси ширум светот и кај нас.

Правото на глас е основно човеково право. Универзалната декларација за човековите права (1948) и современото меѓународно право го регулираат ова право како фундаментално право на секој човек на оваа планета. Секоја демократска држава во светот има обврска да воспостави општо и еднакво право на глас за сите свои граѓанки и граѓани, преку директно и тајно гласање да учествуваат во креирањето на политиките и практиките на својата земја.

Изборите се основниот столб и највисока вредност на демократијата, а државата и нејзините институции во секоја земја имаат ултимативна обврска да го обезбедат правото на глас на секој граѓанин и граѓанка. Избраните претставници во законодавните домови, институциите и политичарите се обврзани да им служат на интересите на заедниците и поединците во земјата. Впрочем, тоа е и основната цел на изборните процеси во кои кандидатите, независни и оние на политичките партии, се натпреваруваат пред гласачите со своите политички програми и ветувања за подобрување на животот на луѓето и спроведување на демократските стандарди, владеењето на правото и почитувањето на човековите права и слободи.

Граѓанската едукација за правото на глас е една од обврските на институциите, а особено на медиумите. Без слободни медиуми, не можеме да очекуваме ни слободни избори. Избирачки список во кој граѓанките и граѓаните имаат доверба е уште еден од основните предуслови за спроведување легитимни изборни процеси. Ослободување на гласачите од стравот и принудата, решително справување со политичката корупција и злоупотребите на јавните ресурси и администрацијата, се суштински важни за одржување слободни избори. На граѓанките и граѓаните мора да им припадне централното и најважно место во изборните процеси. Сите останати фактори, како што се институциите на државата и политичките партии мора да бидат во нивна служба, а никако обратно. Легитимноста на власта се црпи од степенот на легитимност на изборните процеси. Тие, едноставно, мора да бидат слободни.

Џабир Дерала

Претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода

Tags: властГлобален ден на изборитедемократијаДИКДржавна изборна комисијаизбориполитички партии
Share61TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ