• Latest
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Изборите во Штип на lockdowun?

November 1, 2020

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Изборите во Штип на lockdowun?

Изгледа штипјани ќе се спасат од нови избори за градоначалник. Според најновите изјави на опозициските функционери, нема услови за одржување на регуларни избори. Какви се последиците ако е ваква одлуката на Мицкоски?

November 1, 2020 10:48
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Есенва штипјани повторно со изборни теми. Треба да избираат градоначалник што ќе ја врши функцијата девет месеци. Кој ќе влезе во изборната трка засега е само тема за разговор. Најдоцна следната сабота ќе ги знаеме имињата на кандидатите за градоначалник на Штип, како што е словото на законот.

Секако, го знаеме името на независниот кандидат за градоначалник, а тоа e г. Трајче Митев, засега единствен сигурен кандидат. А, партиите сè уште калкулираат со објавување на имињата на кандидатите. Се чини дека нивните стратегии сѐ – прво да го видиме противничкиот кандидат.

Дали ќе има кандидати и од други партии, сè уште не е познато. Ќе учествува ли Левица со свој кандидат? Ќе учествуваат ли со свои кандидати вонпарламентарните партии, или ќе ги повикаат своите поддржувачи да гласаат за друг кандидат? За одговор на овие дилеми штипјани треба да почекаат до крајот на следната недела.

Информациите што доаѓаат од партиите се во функција на кампањата. Голема е веројатноста дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со сегашниот претседател на општинскиот комитет и пратеник Иван Јорданов. Според претседателот на партијата, нему ќе му помага  поранешниот градоначалник Захариев иако ни тоа не е сосема јасно како ќе изгледа сето тоа. За нив Мицкоски рече дека се добитната комбинација и со големи способности и визии.

Ќе биде интересно да се види како ќе изгледаат плакатите со два лика, еден е кандидат, а другиот е поддржувач. Од СДСМ, се чини дека ќе проценуваат до последен момент кој кандидат ќе победи на изборите. И тука се споменуваат две имиња, но сѐ уште немаме веродостојни податоци. Изгледа и во тоа има скриени стратегии, поврзани со одржување на изборите.

Нешто друго е темата во последните два дена, по интервјуто на претседателот на партијата Христијан Мицкоски. Тој вели дека во услови кога повеќе од 800 граѓани се заразени од корона во еден ден, одржувањето на изборите е неодговорно за здравјето на граѓаните. Веќе имаме низа толкувања за тоа што значи неговата изјава. Ќе ги бојкотира ли изборите ВМРО-ДПМНЕ и како тоа ќе го стори?

Забележливо е дека оваа вест не ги извади штипјани од колосекот на секојдневието. Изборите како тема не се на прво место во разговорите. Темите поврзани со маските, изолациите, неизвесноста околу корона болеста сѐ далеку поактуелни. Партиските теми се застапени во разговорите на членовите на партиите. Постарите граѓани носат маски и почесто зборуваат за можните кандидати. Младите не носат маски и ретко кој од нив и знае дека треба да има избори. Кога се спомене дека ќе се гласа на 13 декември следуваат искривени лица и прашање: Пак ли ќе гласаме, па нели гласавме пред три месеци?

Но, како би изгледале изборите ако навистина не учествува ВМРО-ДПМНЕ? На 7 ноември ДИК ќе ја заклучи кандидатската листа и процедурата ќе започне. Кампањата ќе почне на 22 ноември и ќе трае до 11 декември Со тоа, законитоста на изборите е запазена.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ го пријави својот кандидат и се повлече за време на кампањата, наведувајќи ги веќе објавените причини, изборите ќе се одржат, на избирачкото ливче ќе стои името на нивниот кандидат, а граѓаните ќе можат да гласаат за него на гласачките места. Доколку се одлучат воопшто да не излегуваат со свој кандидат, ќе мора да изнесат сериозни причини за да бараат одложување на изборите. Законски услови за таква постапка нема, но кога се работи за меѓупартиски договарања навикнати сме на разни решенија. Неуставни, незаконски, ама партиско политичките договори се најважни. Ако не се договорат, изборите ќе се одржат без нивниот кандидат.

Разбирливо е дека политичкиот кредибилитет на избраниот градоначалник ќе се намали доколку опозицијата не учествува на изборите. Во случај на неучество на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, секако ќе следува апстиненција на нивните членови и симпатизери и ќе се наметне друг проблем.

Законот вели дека за легитимноста на изборите треба да учествува една третина од запишаните граѓани во избирачкиот список. Во овој случај, тоа значи дека околу 14 илјади граѓани треба да излезат на гласање. Ако ја споредиме таа бројка со резултатите од последните парламентарни избори, кога двете партии освоија по нешто над 10 илјади гласови, се појавува недостаток од 4 илјади гласови. Се разбира, локалните избори имаат свои карактеристики и одѕивот е поголем, но прагот за легални и легитимни избори ќе биде прва задача на партиите што ќе учествуваат на изборите за градоначалник.

Се чини дека овие избори за градоначалник со мандат од 9 месеци ќе имаат политички последици за целата земја. Доколку изборите завршат според првите две сценарија, ВМРО ќе го користи изговорот дека имале нееднакви услови и нема да го признаат резултатот. Колку тоа ќе помогне во внатрепартиските разврски на судирите ќе зависи од партиската номенклатура и авторитетот на членовите што сакаат промена на претседателот.

Во секој случај, судирот ќе биде под висок тон и температура. СДСМ ќе си добие градоначалник кој ќе ја води Општината до следните локални избори и на нив ќе учествува од позиција на власт, што е предност на која опозицијата мора да смета. Ако се договорат партиите и изборите се одложат, тогаш вршителот на должноста градоначалник може да ја продолжи својата функција до март. Што ќе се понуди како законско решение тогаш, тешко е да се претпостави.

Засега, сите три сценарија сѐ во игра.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ