• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Османи со 10 заложби како претендент за шеф на државата, СДСМ ќе настапи со „Програма за европска иднина“, а ВМРО-ДПМНЕ во коалиција наречена „Твоја Македонија“

April 1, 2024

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Османи со 10 заложби како претендент за шеф на државата, СДСМ ќе настапи со „Програма за европска иднина“, а ВМРО-ДПМНЕ во коалиција наречена „Твоја Македонија“

April 1, 2024 14:10
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на претседателските и парламентарните избори, политичките партии во земјава продолжуваат со предизборните коалицирања. На помалку од една недела до официјалниот почеток на изборната кампања дефинирани се пет коалициски групирања.

„Коалиција за европска иднина“ предводена од СДСМ, коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалиција „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, коалиција „Европскиот фронт“ предводена од ДУИ и коалиција „ВРЕДИ“ на албанската опозиција.

Самостојно на изборите, според досегашните најави, одат ЗНАМ – За наша Македонија и партијата „Левица“.

Партиите што ќе учествуваат во претседателските и парламентарните избори, почнаа со претставување на своите програми со што постепено се добива конечниот облик на фронтот на изборната трка.

Претседателски избори

Претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи на лидерите на Европскиот фронт им го врачи Декалогот со своите 10 заложби како претендент за функцијата шеф на државата. На презентацијата на Програмата присуствуваа лидерите на политичките партии кои се дел од Европскиот фронт,

Османи при презентацијата ги наведе трите основни принципи на програмата од кои произлегуваат 10-те ветувања. Основните столбови се: компасот на геостратешката ориентација на земјата, врзивното ткиво на етничките и политичките наративи, како и Улогата креатор на државниот консензус.

Кампањата на Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори ќе оди под слоганот „Македонија повторно горда“. Според неа, слоганот произлегол од „хроничната и акутна состојба со македонска демократија“ што зборува за слаба држава или држава во пропаѓање.

„Кога велам ‘Македонија повторно горда’, пред сè мислам на граѓаните, повторно горди. Причината е да се врати надежта, причината е да се врати довербата во демократијата, причината е нацијата повторно да знае дека сите во политиката, вклучувајќи ги и шефот на државата или претседателката на државата, имаат обврска во секој свој чекор и потег да се водат од националните односно од државните интереси“, рече Силјановска-Давкова на промоцијата.

Претседателот на Алијанса за Албанците и кандидат за претседател на државата, Арбен Таравари порачал дека пратеничките листи на здружената албанска опозиција нема да содржат лица вклучени на црните листи, мислејќи на листата со санкции на САД. Меѓу другото, тој нагласлил дека на листите ќе има позитивни и професионални личности кои уживаат авторитет.

„Ви гарантирам нешто дека на нашите пратенички листи нема да имаме луѓе кои се вклучени во црните листи. Нема да има личности кои се вмешани во коруптивни афери и нема да има личности кои се политички потрошени. Ќе има позитивни, професионални личности и луѓе кои уживаат одреден кредибилитет во земјата каде што живеат. Тие ќе бидат личности кои уживаат авторитет и се докажани личности во областите“, изјавил Таравари за „Euronews“ на албански јазик.

Актуелниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски воедно и кандидат на СДСМ за шеф на државата, во интервју за РТЛ изјави дека дека е разочаран од некои од челниците на ЕУ и од некои од претседателите на европските држави.

„Морам да признам и да кажам дека сум разочаран од некои од високите челници не само од ЕУ, туку од поедини држави. Не би сакал сега да ги именувам земјите, тоа не ми личи како претседател на државата, но очекував повеќе од страна на силните земји на ЕУ во тој правец, да ја убедат Бугарија дека може да дозволи да одиме во ЕУ без тие услови. Тоа никој не може да го поверува во Македонија“, смета Пендаровски.

Во недела (31 март), дваесет и пет организации потпишаа Повелба за стратешка соработка, со која се предвидува формирање на Кризен штаб кој ќе води јавна пропаганда за неизлегување и бојкот на претседателските избори. Кампањата ќе се води под слоганот „Македонија – Бојкотира марионета за претседател“.

Парламентарни избори

СДСМ ја промовираше новата изборна програма насловeнa како „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина за претстојните парламентарни избори.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на промоцијата рече дека тие покажале дека е можно да се постигнат добри резултати, да се работи за подобро утре, да има поголеми плати, пензии, слобода и демократија, слобода на говор, како и дека е можно да живееме во земја која има сигурна, извесна и подобра, европска иднина.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и Зијадин Села од Алијанса за Албанците, во Гостивар го потпишаа договорот за коалиција. Тие заеднички ќе одат на парламентарните избори во 2024 година.

Досега се спомнати неколку имиња кои ќе се најдат на списокот на пратеници. Меѓу нив се Елми Азири, Илире Даути, Наим Бајрами, а се очекува да има уште неколку имиња. За Европскиот фронт, предводен од ДУИ досега потпиша Народното движење на Скендер Реџепи, потоа ДПА со Мендух Тачи и ЕДП на Аријанит Хоџа.

Договори се потпишани и со Сојузот на Ромите, Турската демократска партија и Движењето на Турците.

Генералниот совет на Демократската унија за интеграција во Тетово ги утврди носителите на листи за пратеници со кои ќе настапи на претстојните парламентарни избори закажани на 8 мај. Во Првата изборна единица носител на листата ќе биде Блерим Беџети, во Втората – Садула Дураку, во Третата – Сулејман Баки од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, во Четвртата – Енвер Хусеин од Демократската Партија на Турците на Македонија, во Петтата – Зијадин Села и во Шестата изборна единица носител на листата ќе биде претседателот на ДУИ Али Ахмети.

ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарнми избори ќе настапи во коалиција со 24 политички субјекти и организации, наречена „Твоја Македонија“.

На 30 март опозициската ВМРО-ДПМНЕ во рамки на партиската конвенција ги промовираше 120-те кандидатите за пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, кои беа утврдени два дена претходно.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на промоција на кандидатите за пратеници за парламентарните избори 2024 истакна дека државата е во хаос, а ВМРО-ДПМНЕ ветува конкретни проекти, работа и надеж за сите граѓани на Македонија.

Подготви: Н. Абдурахмани во соработка со ЦМТ. 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО - ДПМНЕДУИСДСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ