Изјави на денот: Филипче за поттикнување на вакцинацијата против Ковид-19, Спасовски за безбедноста во сообраќајот.
„Ние не можеме да воведеме и никаде во светот оваа вакцинација не е задолжителна, затоа мораме да размислуваме за некои алтернативни решенија, на пример да се присуствува на настани со масовно присуство, дали на затворено, дали на отворено, дали во кино, на културни настани, само со таков сертификат и тоа е нешто што можно е да го препорачаме од есенските месеци, сега во месец јули и во август, кога има многу патувања и фреквенција на луѓето да ставиме акцент на сите овие активности кои ги правиме за да го зголемиме опфатот“, изјави Филипче.
„Овој автопат е главната артерија која ја поврзува нашата држава со соседна Србија, така што граѓаните од пријателска Србија, како чести учесници во сообраќајот, главно, по Коридорот 10, но и граѓаните од другите држави, кои го користат, се секогаш добредојдени гости во нашата земја. Ќе ја искористам оваа пригода да им посакам среќен пат и пријатен престој, без разлика дали поминуваат транзит или токму нашата држава им е дестинацијата каде сакаат да го поминат одморот, но и да апелирам кон сите учесници во сообраќајот секогаш да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за безбедни патишта. Зголемувањето на безбедноста во сообраќајот е императив и во наредниот период продолжуваме со активности со цел да го намалиме бројот на жртви на патиштата“, рече министерот Спасовски на прес конференцијата за превентивната акција на МВР и РСБСП на граничниот премин Табановце „Не го потценувај заморот – Вози одморен!“