„Вакцинацијата се одвива добро. Во салата „Борис Трајковски“ се врши ревакцинација по три недели од вакцинацијата со вакцината „Спутник В“. Тоа се тие 20.000 дози. Во саботата доцна навечер, практично в неделата наутро стигна нова количина од 20.000 вакцини „Спутник“ од кои 7000 ќе бидат наменети за ревакцинација на вработените во критичната инфраструктура… Треба да стигне и одредена количина преку системот на солидарност од ЕУ преку Австрија. Сето тоа влегува во нашиот распоред како ќе се распределуваат вакцините. Има неколку пункта во државата, освен во Скопје, каде има фрижидери за вакцината на „Фајзер“ и тие се распределуваат и кон околните центри на тој начин што здравствените домови согласно бројот на закажани граѓани секое утро подигнуваат одредена количина од вакциналните пунктови во Куманово, Штип, Битола, Охрид, Тетово и во Кавадарци и така се прави распоредот и регионално“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
„Почитувани пратеници и граѓани! Горд сум што за период од три и пол години, реконструиравме 54 објекти. Притоа, ја зголемивме и енергетската ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија: поставуваме соларни панели, ПВЦ врати и прозорци, а склучивме и рамковна спогодба за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди, со што ги исфрламе старите грејни тела и одиме кон зелена енергија, односно придонесуваме за заштеди во буџетот и намалување на загадувањето на животната средина. Големо внимание посветуваме и на набавка на опрема и униформи за вработените. Во текот на оваа и наредната недела пристигаат комплет униформи за Единицата за брзо распоредување, Единицата за обука и подршка при ОСПО, како и Единицата на интервентна полиција при СВР Скопје. Минатиот месец Одделението за претходница и сообраќајно-ескортно обезбедување при Одделот за заштита на определени личности и објекти, по цели 12 години доби на користење нова мотоциклистичка опрема, а за првпат полициските службеници во оваа организациска единица на министерствотодобија два вида на опрема – зимска и летна“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Шекеринска очекува широка поддршка за законот за отпремнина за професионалните војници
„Токму оваа прва генерација војници што стартуваше крајот на минатата година беше првиот тест на овој систем и се покажа одличен. Затоа во Велес, тоа беа први војници професионално ангажирани кои првиот тримесечен тест го служеа токму во Велес. Можноста за доброволно служење останува, но помал број млади се одлучуваат на доброволно служење бидејќи сега имаат подобра опција. Тие три месеци ги служат како тест период и притоа добиваат целосна плата“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.