• Latest
Photo by Ana Flávia on Unsplash

Изјави на денот: Груби за најстрашниот вирус – корупцијата, Заев за убавината на широката лепеза на кандидати за градоначалници, Брнз за добрата македонска економија

September 6, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Изјави на денот: Груби за најстрашниот вирус – корупцијата, Заев за убавината на широката лепеза на кандидати за градоначалници, Брнз за добрата македонска економија

September 6, 2021 20:55
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Photo by Ana Flávia on Unsplash

Photo by Ana Flávia on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Од денешните изјави издвојуваме: Груби за корупцијата дека е пострашен вирус и од Ковид, Заев за убавината на демократијата со широката лепеза на кандидати за градоначалници, Брнз за успешната македонска економија, Спасовски за распишаната меѓународна потерница по дипломатот во време додека Наќе Чулев бил министер за внатрешни работи.

Груби: Корупцијата е пострашен вирус и од КОВИД

Корупцијата е нашиот најголем непријател и закана за растот на сите економии, општества и демократии. Го поткопува кредибилитетот на институциите и процесите. Се работи за уште пострашен вирус од КОВИД кога станува збор за закрепнувањето, растот и развојот на економијата. Мора да градиме клима на личен и институционален интегритет, етичко однесување на лично и институционално ниво.  Но, без одржливо владеење на правото не можеме да имаме кредибилни институции и доверба на јавноста кон системот. Некредибилни институции значат недостиг на јавна доверба што доведува до селективна и корумпирана правда, а тогаш немаме стабилни инвестиции, стабилна бизнис клима. Тоа доведува до замена на правниот систем, на најлесниот начин – мито, да се заврши работата, рече првиот вицепремиер Артан Груби.

Спасовски: Наќе Чулев беше министер за внатрешни кога била распишана меѓународната потерница по дипломатот

Во 2019-та година има информации коишто ги добива Министерството за внатрешни работи во смисла дека е можно да имаме вклученост на наши дипломати во одредена постапка, за тоа веднаш е известено Министерството за надворешни работи, меѓутоа во тој момент немало меѓународна потерница за ниту еден дипломат. Сакам да ја информирам јавноста и вас дека меѓународната потерница е распишана од страна на Ерменија на 25 февруари 2020 година, во тој момент јас сум претседател на Владата, а министер за внатрешни работи беше господинот Наќе Чулев, што во тој момент е направено дали е известено МНР, не ли е известено, јас немам детални информации за тоа. И нормално сега, кога се случи овој настан, ние сме информирани преку нашиот сектор за меѓународна соработка за тоа што се случило и информациите сме ги пренеле до МНР, така што таму постои еден сплет на настани за коишто сигурно и МНР ќе даде докрај сите информации коишто се потребни – изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Заев: Верувам ќе победиме, фала и на слободата да можат луѓето да се охрабрат и да одат со свои кандидатури

„Но верувајте дека во едно време кога имавме само лева и десна страна на понудата, така да ги кажеме како левица и десница, денеска е убавина кога можеме граѓаните да им понудиме една лепеза на кандидати секакви, од сите профили, со соодветен свој бенграунд или сл. И навистина овде добиваат сите. И апсолутно немам намера ниту да се конфронтирам, ниту некоја тегоба да носам од оваа работа заради тоа што тоа е убавината на демократијата. А фала и на слободата да можат луѓето да се охрабрат за да можат да одат со свои кандидатури“, истакна Зоран Заев, во својство на лидер на СДСМ.

Брнз: Македонската економија покажа дека може да се адаптира и да успее

„Вашата економија покажа дека може да се адаптира и да успее. Оваа земја докажа дека има волја да ги искористи промените со кои се соочува, уште на почеток на паденимаијата кога немаше набавки, текстилните компании брзо почнаа со масовно производство, произвеудваа маски. Се овозможи помош на најранливите категори, Владата брзо имплементираше широк опсег на мерки кои ги заштитија работните места. Вашата економија покажа дека може да се адаптира и да успее, да ги надмине предизвиците. Тука е волјата и енергијата, не само да се излезе посилен од кризата, туку и да се воспостават основи за економија која ќе се движи понатаму. САД ќе породлжи со поддршката зашпто вашиот успех ни е важен“, напомена американската амбасадорка Брнз.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ