Од денешните изјави издвојуваме: Макрон за стартот на преговорите, Филипче за укинување на полицискиот час, Маричиќ за судовите и транспарентноста
„Патот на Македонија беше извонреден. Денес ве примам како сојузник во Париз неколку дена пред Самитот на НАТО. Со полна поддршка на Франција, вашата земја станата членка на Алијансата, откако стави крај на разликите со Грција. Договорот од Преспа кој вие го изработивте, драг Зоран заедно со Алексис Ципрас заслужува да се нарече историски. Вие покажавте голема политичка храброст за да успеете и да го убедите вашиот народ. Сакам да потсетам овде дека ништо не беше напишано однапред, вие го изградивте и носевте со Алексис Ципрас и го зацврстивте,“ нагласи Макрон.
Пандемијата стивнува: Филипче најави укинување на полицискиот час
„ Засега треба да сме спокојни. Заради тоа се и попуштањата на мерките. Но, треба да бидеме претпазливи, бидејќи овој вирус е непредвидлив. Будно ја следиме состојбата. Важно е дека и покрај тоа што има одредени бранови во некои земји, нема смртни случаи. Вакцината штити од тешка форма на болеста и смрт. Ако продолжиме со ова темпо, полицискиот час ќе се укине, а се очекува да имаме концерти ова лето, семејни прослави. Нема ризик за организирање на такво нешто“, нагласи министерот Филипче.
Маричиќ: Онлајн судењата за 60 проценти ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста
„Дигитализацијата, за жал во некои сегменти во општеството наидува на отпор. Судството секако нема да биде заобиколено. Се надевам дека набрзо ќе бидеме сведоци на целосна дигитализација на 187 судници и 34 судови низ државата. Имаме директна финансиска и стручна помош од ОБСЕ, Европската Унија, САД и Норвешката влада. Нема посигурен начин да се намали можноста од човечки грешки, отколку да се дигитализира сè што може. Со визија и макотрпна работа веќе чекориме по патот на модернизацијата, пат којшто дава уште поголема ефикасност и подобар квалитет на испорачување на правдата, но и доследно спроведување на законот и заштита на странките во постапките, така како што бараат современите европски стандарди,“ изјави Маричиќ.
Ирена Крџиќ