Изјави на денот: Маричиќ за спречување на сите обиди за заобиколување на правдата, Филипче за присуство на настани само со сертификат за примена вакцина против ковид-19, Предан за евроинтегративните процеси.
„Не можеме да имаме силна правна држава ако законите не важат за сите подеднакво. Тие што направиле корупција или криминал, без разлика дали се работи за политичари, судии или кој било, мора да одговараат. Обидите за заобиколување на правдата и правниот систем не смееме да ги дозволиме. Токму затоа ја поддржавме и новата методологија за проверка на работата во судството. Вчера Судскиот совет донесе одлука за разрешување на тројца судии. Досега вкупно 16 судии се разрешени. Сметам дека овие проверки според планот треба да продолжат и јас како министер и Владата во целина, даваме безрезервна поддршка на тој процес, потенцираше Маричиќ.
„Тоа како три сегменти кои ни се многу битни за некои процеси да продолжат да се одвиваат нормално и во есенските месеци, градинките и училиштата, и свесни дека можеби и покрај тоа што се што правиме интересот нема да се зголеми, затоа размислуваме за некоја форма на рестрикција во смисла на тоа некои работи да…ние не можеме да воведеме и никаде во светот оваа вакцинација не е задолжителна, затоа мораме да размислуваме за некои алтернативни решенија, на пример да се присуствува на настани со масовно присуство, дали на затворено, дали на отворено, дали во кино, на културни настани, само со таков сертификат и тоа е нешто што можно е да го препорачаме од есенските месеци, сега во месец јули и во август, кога има многу патувања и фреквенција на луѓето да ставиме акцент на сите овие активности кои ги правиме за да го зголемиме опфатот“, рече Филипче.
„Разбираме дека овој предлог беше направен со цел да се добие зелено светло за почнување преговорите во јуни, но мислам дека овој документ би можел да биде основа за изнаоѓање на можно и разумно решение. Ни треба политичка волја и прагматизам од двете страни. Како што реков, веќе работиме на тоа. Не можеме да ветиме, веќе реков, не можеме да ветиме политички чуда затоа што во меѓународната политика тоа што можеме да го ветиме е напорна работа, тивка дипломатија“, дециден е Предан.