„Ваквата замисла е во ред, но само доколку претходно се обезбедат сите предуслови за ефикасна имплементација на оваа новина во образованието, за сите деца, на еднаква основа. Притоа, треба да се земат во предвид и можностите на родителите/старателите да им обезбедат технолошки уреди на сопствените деца за да можат да ја следат наставата. Во спротивно, најпогодени повторно би биле децата од ранливите групи (деца од социјално загрозени семејства, од рурални средини, деца од повеќедетни семејства) кои немаат пристап до електронски уреди и интернет. За реализација на ваквата настава, исто така е нужно и неопходно сите основни училишта да располагаат со соодветна инфраструктура и опрема (опременост со компјутери, паметни табли и други ИКТ средства, постојан и стабилен интернет достапен во секоја училница)“, потенцира Народниот правобранител.
Димитров: Ако нема почеток за преговори, губитници ќе бидеме и ние и Бугарија и ЕУ
„Или сите ќе бидеме сите губитници или ќе бидеме сите победници. Се разбира ние имаме многу што да изгубиме ако повторно нема почеток на преговорите и нема успех. Меѓутоа мислам дека и Бугарија има многу што да изгуби, бидејќи ја пропуштаме приликата и таа треба да ја вратиме, да имаме вистинско блиско партнерство и соработка. Тоа не оди и не е компатибилно со блокирање на процесот со политиката на вето. Ќе изгуби многу и ЕУ. Ќе биде многу тешко зборовите на ЕУ да бидат третирани со доверба и сериозност, не само кај нас, во целиот регион“, рече Никола Димитров одговарајќи на новинарско прашање по настан за донација од Словачка за Клиниката за детски болести.
Филипче: Ќе овозможиме вакцинирање против Ковид на над 10.000 граѓани дневно без гужви