• Latest
Photo by: Robinson Recalde on Unsplash

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Нуредини, Спасовски, Попоски, Маричиќ, Бектеши…

July 9, 2021

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Нуредини, Спасовски, Попоски, Маричиќ, Бектеши…

July 9, 2021 19:00
in ДНЕВНИК, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Photo by: Robinson Recalde on Unsplash

Photo by: Robinson Recalde on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Нуредини: Нема да дозволиме увоз на РДФ додека не се обезбедат услови за соодветна контрола

„Би сакал да напоменам, дека предложената одредба е комплетно хармонизирана со ЕУ законодавството и Базелската конвенција, по кои всушност и ние самите, на пример, ги извезовме количините на винил-хлорид во ОХИС, или ќе го извезуваме линданот кој ќе започне да се чисти од следната недела. РДФ-от кој е единствено дозволен за увоз за користење како алтернативно гориво, е неопасен нерециклирачки комунален отпад, за кој има пропишано стандарди и кој емитува значително помалку емисии на СО2 и има поеколошки животен циклус од користењето на девствени ресурси, односно најчестиот мазут или петролкокс за што е замена. Затоа, во согласност со регулативата на ЕУ и принципите на циркуларна економија беше предвидена можност и за негов увоз, пред ние самите да почнеме да го создаваме од нашиот отпад. Меѓутоа, јас ја разбирам загриженоста на граѓаните за недоволната контрола и немањето на капацитет за редовна и темелна инспекција“ порачува Нуредини.

Спасовски: Имаме посебен тим за лицата што се бараат по потерници, листата е преполовена

„Од септември минатата година имаме оперативен план со стратешки пристап за апсење и пронаоѓање на лица што се бараат по потерници.  Вчера имавме едно такво приведување на лице кое беше осудено на дваесет години затвор, минатата недела уапсивме лице што седумнаесет години се криеше од лицето на правдата. На оваа листа имавме многу лица од домашни и меѓународни потерници, па дури имавме и апсења и во други земји“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето на „Утрински брифинг“. Тој додаде дека во оваа насока е оформен тим од исклучителни професионалци, кој дава резултати.

Попоски: Треба да се дислоцира депонијата од Струга ако претендираме да биде туристички град

„За разлика од пред 4 години, сега струшката депонија се управува попринципиелно и поримерно од страна на Јавното Комунално претпријатие во Струга. Депонијата за жал сè уште е на истото место и сега е планина од земја, бидејќи по одредено време ѓубрето слоевито се покрива со едно метро земја и така постојано се повторува тој процес за да не се запали намерно или ненамерно поради топлото време. Сега има чувар и рампа со што се контролира депонијата“, вели во разговор за ЦИВИЛ Медиа, стружанецот Јаков Попоски, со кого разговаравме пред 4 години кога беше дел од сега веќе згаснатата граѓанската иницијатива „Доста“ од Струга.

Средба Маричиќ – Ѓонај во Тирана: Делиме заедничка визија за развиен регион

„И покрај тоа што двете земји се разочарани од неносењето одлука за почеток на преговорите со ЕУ, постои надеж дека за време на словенечкото претседателство работите ќе се променат и дека конечно ќе почнат преговорите. Во меѓувреме ние мораме да ја развиваме регионалната и билатералната соработка. Постои простор за дополнително продлабочување на односите во секторите со кои раководиме, односно правдата“ порача Маричиќ,.

 

 

Скрекас – Бектеши: Договорот за интеконекторот за природен гас е важен за економиите на двете земји

„Ова е голем чекор напред кон подобрување на енергетската инфраструктура на нашата држава и тоа ќе придонесе за диверзификација во снабдувањето со природен гас, а секако и во стабилноста во снабдувањето со природен гас. Ова е многу важно не само за односите меѓу двете држави кои секојдневно се подобруваат, ова е важно посебно за економијата во нашата држава имајќи во предвид дека ќе се зголеми конкурентноста на нашите компании, ќе бидат намалени цените во делот на природниот гас, а секако ќе ни даде и дополнителна можност за тоа да го продолжиме и кај нашите северни соседи како што се Република Косово и Република Србија“ рече министерот за економија.

Ирена Крџиќ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ