Нуредини: Нема да дозволиме увоз на РДФ додека не се обезбедат услови за соодветна контрола
„Би сакал да напоменам, дека предложената одредба е комплетно хармонизирана со ЕУ законодавството и Базелската конвенција, по кои всушност и ние самите, на пример, ги извезовме количините на винил-хлорид во ОХИС, или ќе го извезуваме линданот кој ќе започне да се чисти од следната недела. РДФ-от кој е единствено дозволен за увоз за користење како алтернативно гориво, е неопасен нерециклирачки комунален отпад, за кој има пропишано стандарди и кој емитува значително помалку емисии на СО2 и има поеколошки животен циклус од користењето на девствени ресурси, односно најчестиот мазут или петролкокс за што е замена. Затоа, во согласност со регулативата на ЕУ и принципите на циркуларна економија беше предвидена можност и за негов увоз, пред ние самите да почнеме да го создаваме од нашиот отпад. Меѓутоа, јас ја разбирам загриженоста на граѓаните за недоволната контрола и немањето на капацитет за редовна и темелна инспекција“ порачува Нуредини.
Спасовски: Имаме посебен тим за лицата што се бараат по потерници, листата е преполовена
„Од септември минатата година имаме оперативен план со стратешки пристап за апсење и пронаоѓање на лица што се бараат по потерници. Вчера имавме едно такво приведување на лице кое беше осудено на дваесет години затвор, минатата недела уапсивме лице што седумнаесет години се криеше од лицето на правдата. На оваа листа имавме многу лица од домашни и меѓународни потерници, па дури имавме и апсења и во други земји“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето на „Утрински брифинг“. Тој додаде дека во оваа насока е оформен тим од исклучителни професионалци, кој дава резултати.
Попоски: Треба да се дислоцира депонијата од Струга ако претендираме да биде туристички град
„За разлика од пред 4 години, сега струшката депонија се управува попринципиелно и поримерно од страна на Јавното Комунално претпријатие во Струга. Депонијата за жал сè уште е на истото место и сега е планина од земја, бидејќи по одредено време ѓубрето слоевито се покрива со едно метро земја и така постојано се повторува тој процес за да не се запали намерно или ненамерно поради топлото време. Сега има чувар и рампа со што се контролира депонијата“, вели во разговор за ЦИВИЛ Медиа, стружанецот Јаков Попоски, со кого разговаравме пред 4 години кога беше дел од сега веќе згаснатата граѓанската иницијатива „Доста“ од Струга.
Средба Маричиќ – Ѓонај во Тирана: Делиме заедничка визија за развиен регион
„И покрај тоа што двете земји се разочарани од неносењето одлука за почеток на преговорите со ЕУ, постои надеж дека за време на словенечкото претседателство работите ќе се променат и дека конечно ќе почнат преговорите. Во меѓувреме ние мораме да ја развиваме регионалната и билатералната соработка. Постои простор за дополнително продлабочување на односите во секторите со кои раководиме, односно правдата“ порача Маричиќ,.
Скрекас – Бектеши: Договорот за интеконекторот за природен гас е важен за економиите на двете земји
„Ова е голем чекор напред кон подобрување на енергетската инфраструктура на нашата држава и тоа ќе придонесе за диверзификација во снабдувањето со природен гас, а секако и во стабилноста во снабдувањето со природен гас. Ова е многу важно не само за односите меѓу двете држави кои секојдневно се подобруваат, ова е важно посебно за економијата во нашата држава имајќи во предвид дека ќе се зголеми конкурентноста на нашите компании, ќе бидат намалени цените во делот на природниот гас, а секако ќе ни даде и дополнителна можност за тоа да го продолжиме и кај нашите северни соседи како што се Република Косово и Република Србија“ рече министерот за економија.
Ирена Крџиќ