Заев: Во глобална пандемија рекорден број апликации на јавните повици на ФИТР
„Наша најважна обврска како Влада е да креираме општество и образовен систем кој ќе создава млади нови генерации со критична мисла, кои ќе бидат креативни и иновативни. Во тоа сме успеале тогаш кога младите почнуваат да бидат љубопитни, да ги ставаат на тест сите информации кои стигаат до нив и кога почнуваат да се прашуваат дали може подобро. Тоа е основата и суштината на иновацијата.Знам дека економскиот раст на една држава во најголем процент се должи на традиционалните инвестиции, но иновативноста е тоа што ја прави разликата, што не движи напред и не прави конкурентни на светскиот пазар и создава дополнителна вредност како за претпријатијата, така и за државата“, наведе премиерот Зоран Заев на панел дискусија „Со инвестиции во иновации до одржлив економски раст и развој“ во организација на ФИТР.
Битиќи: Ефектот од помошта за туристичко угостителскиот сектор ќе биде видлив
„Одобривме вчера пакет од 17,8 милиони евра за еден сектор за којшто навистина сметаме дека е битен, без никакви скриени намери. Го понудивме тоа со што во овој момент државата може да помогне. Намерата е јасна, јавно кажана. Дадовме одреден модел со којшто ќе се поддржи секој субјект од секторот угостителство, како и секторот туризам т.е. туристичките оператори и туристичките агенции со тоа што во овој момент државата може да помогне, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
„Бројот на хоспитализации во болниците се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со Ковид-19. Се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати. Без разлика што бројќите паѓаат, периодов мора да бидеме исклучително внимателни, поради непредвидливоста на вирусот“, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.