„Бројот на хоспитализации во болниците се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со Ковид-19. Се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати“, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
„Без разлика што бројќите паѓаат, периодов мора да бидеме исклучително внимателни, поради непредвидливоста на вирусот“, додава Филипче во објавата.
Тој посочува и дека на редовната утринска координација со директорите на клиниките разговарале за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид – центрите и ротациите со персонал.