ЗОРАН ИВАНОВ
Дека интерпелацијата беше шанса за местенка од анити ЕУ и од анти НАТО партиска структура беше видливо од авион, дечките од убавата некогаш ленка и од грдата сега менка, начекаа, дел од опозицијата, сдсм главно, невешто и без нужна дистанца од идеолошката матрица на предлагачот, малку премолчи, малку се обрука, другата опозиција, онаа зелената на декларативните европјани се загуби во преводот па храбрите борци планинци беа ниту риба, ниту девојка, ем им се вриска што не се на власт, ем етнички им стиска, но добро, крв, нели, не било вода па си останаа закопани во својот етно национализам и, сега, ако сето од дебатата дваесетчасовна за спикерот собраниски макар само површно и нај лаички се изанализира и се сведе на обид за некаква пикасова едноставност, излегува, кажано во оваа една реченица, дека сета непотребна драмолетка, наместо за еу реформи, доби изим партиите и натаму да си туркаат суети, да си практикуваат незаконитости, да продолжат да си негуваат бахатости и да си се доусовршуваат во бизнис финтите за кои, кога ќе им згусне за тендери и за мендери, браздата вешто си ја вртат на испробаната етно финта и, додатно, оние знам манипуинтелектуалцине пребегани од секаде кои си се сместија во баруштината на лажните и умислени патриоти, и тие, соодветно на нивниот предизборен вокабулар, си се наредија во стеојит на, нели, предавниците и си ја утнаа можноста барем вербално да му го загрозат нацио приматот на ова актуелно дпмне и, наместо тоа, и без срам и без перде, уште посилно си се втурнаа во неговиот скут, му ги зарија долгите нокти лакирани во сржта на, нели, нај патриотическата партиска структута и, нека е и ова ептен субјективно, излегува дека се тресеше гора и дека се роди глушец и дека се прероди Гаши и дека гордата нели држава Македонија уште позабрзано си ќинисала накај територија.