Од Самостојниот синдикат на Новинари информираат дека излезе новиот број на публикацијата на ССНМ „Новинарството како јавно добро“.
Тема на изданието за месец ноември е „Третманот на младите новинари во редакциите“ што ја анализираме во главниот текст на Теодора Цветковска со наслов – „Младите новинари дефицитарен кадар, но платите никако да им пораснат“.
Понатаму , од ССНМ информираат дека во публикацијата објавуваат анализа на податоците добиени од анкетата која ја спроведе ССНМ со наслов „ Со плата под просекот, половина од младите новинари сакаат да си заминат од професијата“.Во публикацијата се застапени и неколку други содржини, како:
– За студентите по новинарство онлајн вознемирувањето е главен проблем во професијата.
– Печатеното новинарство не умирa, туку се менува.
– Како пандемијата на ковид-19 го промени.
– Има новинари кои уживаат во неслобода.