По повод одбележувањето на 50 години Светска галерија на карикатури и Остен Биеналето на цртеж Скопје 2018 централниот настан на Остен уметност на хартија ќе се одржи вечерва во 19 часот во Националната галерија на Македонија Чифте амам Скопје.
За време на централниот настан ќе се одржи ретроспективна изложба „50 години Светска галерија и карикатури (1969-2019)”, изложба на 270 селектирани меѓународни уметници од Остен Биеналето на цртеж Скопје 2018 и врачување на награди и признанија на наградени уметници, карикатуристи и соработници на ОСТЕН уметност на хартија.