И Израел и Хамас сè уште работат на имињата на оние кои би можеле да бидат ослободени во размената на заложници во Газа, за Палестинците во израелските затвори, изјавија во вторникот два израелски извори за Си-Ен-Ен.
Американски официјален претставник изрази оптимизам дека договорот е остварлив, велејќи: „Ова е најблиску досега“.
Секое ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори треба да биде одобрено прво од воениот кабинет на Израел, а потоа од целосниот кабинет. И двете гласања може да се одржат телефонски и да се случат брзо. Одлуката на владата за ослободување на затворениците теоретски може да биде оспорена во рок од 24 часа пред Врховниот суд на Израел, иако судот може да избере да ги отфрли претставките против ослободувањето.
Не сите, од околу 237 заложници киднапирани од Израел на 7 октомври ги држи Хамас, палестинското милитантно движење кое ја контролира Газа, некои други се во заложништво од палестинскиот исламски џихад, а други е можно да се кај други групи или поединци.
Досега се ослободени четворица заложници: две Американки и две Израелки. Вкупно 83 Палестинки и 380 тинејџери помлади од 18 години се затворени од Израел на Западниот Брег, источен Ерусалим и Израел, според Кадура Фарес, шеф на невладина организација „Клуб на палестински затвореници“.
Д. Тахири