• Latest

Израел информира неколку арапски земји дека сака да воспостави тампон зона во повоена Газа

December 1, 2023
Фото: Влада на РСМ

Зајкова: Работела без дозвола, а превезувала деца и туристи – кој ќе одговара за жичарницата на Водно?

August 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Firstpost

Повеќе од 200 лица се водат како исчезнати во област погодена од поплави во Пакистан

August 17, 2025
Фото: ЗХГ/Фејсбук

ЗХГ: Измените на Изборниот законик се обид за лажно и привидно намалување на прагот, кој е превисок

August 17, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Регистрирани 10 пожари на отворено – шест активни, три изгаснати и еден под контрола

August 17, 2025
Фото: Скринчот од видео на Телеграм каналот exilenova_plus

Украински дронови извршија нов длабок удар на руска територија – погодена важна железничка раскрсница во регионот Воронеж

August 17, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Русија го комплицира завршувањето на војната, вели Зеленски додека Трамп притиска за мировен договор

August 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Палестинците бегаат од нападите на ИДФ врз градот Газа во кои беа убиени 40 лица, во Израел протести против планот за окупација

August 17, 2025
Спасувачите и жителите ги проверуваат штетите на куќите по руските напади во Харковската област, Украина, на 17 август 2025 година. Фото: Олех Синиехубов / Телеграм

Најмалку 5 цивили убиени, 11 повредени во руските напади низ Украина, ден по самитот Трамп-Путин

August 17, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

August 17, 2025

Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

August 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Израел информира неколку арапски земји дека сака да воспостави тампон зона во повоена Газа

December 1, 2023 20:23
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Израел информираше неколку арапски држави дека сака да создаде тампон зона на палестинската страна на границата со Појасот Газа за да спречи идни напади, како дел од предлогот за иднината на енклавата по завршувањето на војната, јавија британските медиуми, пренесе МИА.

Ваквите свои планови Израел ги сподели со соседите Египет и Јордан, како и со Обединетите Арапски Емирати, кои ги нормализираа односите со Израел во 2020 година, јавија британските медиуми, повикувајќи се на египетски и регионални извори.

-Израел сака оваа тампон зона меѓу Газа и Израел, од север кон југ, за да го спречи Хамас или другите милитанти да се инфилтрираат во Израел или да го нападнат, изјави висок изралески безбедносен функционер, еден од трите извори кои побараа анонимност.

Официјалниот претставник на ОАЕ изјави дека неговата земја ќе ги поддржи сите идни повоени аранжмани договорени од сите заинтересирани страни кога станува збор за постигнување стабилност и формирање на палестинска држава.

Советникот за надворешна политика на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Офир Фалк, за Ројтерс кажа дека планот е подетален и заснован на процес во три фази за „денот потоа“ на Хамас. Посочи дека трите нивоа вклучуваат уништување на Хамас, демилитаризација на Појасот Газа и дерадикализација на оваа палестинска енклава.

-Тампон зоната може да биде дел од процесот на демилитаризација, рече Фалк.

Според три регионални извори, информирана е и Саудиска Арабија, која нема никакви врски со Израел, откако го стопира процесот на нормализација со посредство на САД по избувнувањето на војната во Газа на 7 октомври.

Информирана била и Турција, додаваат изворите.

Британските медиуми, меѓутоа, забележуваат дека изралеската иницијатива не укажува дека треба да се очекува неизбежен крај на нејзината офанзива, која продолжи и денеска, по седумдневното примирје, а Израел со тоа ја покажува својата желба да вклучи и други арапски посредници во преговорите, покрај веќе воспоставените, како Египет или Катар, додека се обидуваат да ја обликуваат повоената Газа.

Ниту една арапска држава не покажа подготвеност во иднина да го контролира или управува со појасот Газа, а повеќето остро ја осудија израелската офанзива во која загинаа повеќе од 15.000 лица и беа израмнети со земја цели делови од урбаните области на енклавата.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГазаИзраел
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ