Рано утрово Израел почна да ослободува повеќе од 600 палестински затвореници, а десетици беа вратени на окупираниот Западен Брег и Газа, каде што ги пречека радосната толпа, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Ослободувањето на палестинските затвореници започна откако Хамас ги предаде, како што вели, телата на четворица израелски заложници од Газа, во замена за стотици палестински затвореници.
Израел тестира примероци од ДНК за да потврди дека се посмртните останки на Шломо Мансур (86), Охад Јахаломи (50), Цачи Идан (50) и Ицик Елгарат (69), кои сите беа земени од Хамас во нападите на 7 октомври 2023 година.
Тоа ќе биде последната размена на првата фаза од договорот за прекин на огнот, кој треба да заврши во сабота.
Д. Мишев