• Latest
Фото: Megh Updates/ X

Израел тврди дека го убиле врховниот ирански „судија за егзекуции“, наводно елиминиран и врховниот командант на армијата

February 28, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Израел тврди дека го убиле врховниот ирански „судија за егзекуции“, наводно елиминиран и врховниот командант на армијата

February 28, 2026 14:21
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Megh Updates/ X

Фото: Megh Updates/ X

Share on FacebookShare on Twitter

Непотврдени извештаи велат дека израелските напади врз Иран го убиле врховниот судија Голам-Хосеин Мохсени-Еџеи. Тој е клучна фигура зад смртните казни за демонстрантите од 2025-2026 година и жестоката судска репресија на Иран врз минатите протести.

Израелските профили на социјалните медиуми објавија во саботата (28 февруари) дека во нападот на Израел врз Иран е убиен иранскиот врховен судија Голам-Хосеин Мохсени-Еџеи. Според пишувањето на WION, во времето на објава на текстот, сѐ уште нема официјални потврди за неговата смрт.

Кој е Голам-Хосеин Мохсени-Еџеи и зошто беше цел на израелските „превентивни напади“ врз Иран, на кои им помагаат и САД?

Голам-Хосеин Мохсени-Еџеи неодамна беше во вестите поради изрекувањето смртни казни на голем број демонстранти против Исламската Република. Тој е влијателна, но контроверзна личност во иранското судство.

По Исламската револуција во 1979 година, со која беше соборен режимот на Шахот, Мохсени-Еџеи се искачи во редовите на иранската судска и разузнавачка машинерија. Тој имаше неколку високи функции, вклучително и обвинител во различни судови.

Тој беше министер за разузнавање, државен обвинител и прв заменик на шефот на судството во различни периоди.

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, го назначи за главен судија во 2021 година, давајќи му ја најмоќната позиција во правниот систем на земјата.

Мохсени-Еџеи се залагаше за остри мерки против неистомислениците.

Сметан од Западот за прекршител на човековите права, тој имаше улоги што го користеа судскиот систем за потиснување на политичките противници, дисидентите, новинарите и активистите. „Хјуман рајтс воч“ наведува случаи каде што луѓето биле притворени, принудени да даваат телевизиски признанија или гонети по политички мотивирани обвиненија под негово водство.

Улога во бруталното задушување на иранските протести од 2025 до 2026 година

Тој беше една од главните личности зад задушувањето на националните протести во Иран од 2025 до 2026 година. Мохсени-Еџеи беше централната фигура во правниот одговор на режимот на немирите предизвикани од економските тешкотии и пошироките поплаки против Исламската Република.

Протестите ескалираа во широки демонстрации низ десетици градови во Иран.

Мохсени-Еџеи јавно им наложи на обвинителите да дејствуваат со „решителност“ и да не покажат „благост“ кон демонстрантите. Ова се претвори во смртни казни за стотици демонстранти, кои тој ги етикетираше како „бунтовници“ или „поттикнувачи“. Државните медиуми го прикажаа како ја нагласува потребата од брза судска акција, наведувајќи дека ако државата сака да дејствува „мора да го сториме тоа брзо“ за да го одржиме ефектот.

Судството под Мохсени-Еџеуи го направи Иран на врвот на листата на земји со смртни казни

За време на неговиот мандат, иранскиот судски систем забрзано ги спроведуваше гонењата и смртните казни, што го направи една од водечките земји во изрекувањето смртни казни.

Стотици демонстранти и притвореници беа погубени за време на неговиот мандат. Таканаречените Револуционерни судови и пониските судови изрекоа смртни казни во рок од неколку дена од апсењето по обвиненија како „мохаребе“, што значи водење војна против Бога. Друго обвинение беше „корупција на земјата“, што носи смртна казна според иранскиот закон.

Многу од погубените беа млади возрасни лица, на кои наводно им беше одбиен пристап до независен правен советник, што е прекршување на правичната постапка.

Многу од нив беа осудени врз основа на признанија добиени под принуда, според критичарите на иранското судство.

Додека Мохсени-Еџеи го надгледуваше честото изрекување смртни казни, глобалните организации како што се Високиот комесар на ОН за човекови права и Амнести Интернешнл го повикаа Иран да ги запре егзекуциите и да ги поништи екстремните казни. Тие повикаа на права за фер судење, истакнувајќи го ризикот за тинејџерите и младите возрасни.

Администрацијата на Трамп, исто така, издаде повеќекратни предупредувања за укинување на смртните казни.

Под Мохсени-Еџеи, иранското судство беше критикувано дека функционира како инструмент за политичка репресија.

Елиминиран и врховниот командант на иранската армија, Амир Хатами?

Според непотврдени информации, во воздушните напади на Израел и САД врз Иран, наводно е убиен и иранскиот министер за одбрана, генерал-мајор Амир Хатами.

Како што пренесува TimesNow, според извештаите од иранските и регионалните медиуми, министерот за одбрана на Иран, генерал-мајор Амир Хатами, бил меѓу оние што биле цел на првиот бран воздушни напади врз земјата. Тврдењата не се независно потврдени. Ниту иранските претставници ниту израелската војска јавно не потврдија дали генералот Хатами бил директно цел на нападите. Сепак, неговата висока улога во воениот естаблишмент на Иран би го направила значајна фигура во секој обид за нарушување на командната структура на земјата.

Именуван од врховниот лидер Али Хамнеи во јуни 2025 година, тој претходно беше министер за одбрана од 2017 до 2021 година, првпат од редовната армија за повеќе од дваесет години.

За помалку од 1 час напад, се чини дека Иран веќе изгуби две од најголемите личности на иранскиот режима.
Трамп ги повика иранските војници да го положат оружјето или да се соочат со она што им доаѓа.

Д. Мишев

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ