• Latest

Израелскиот претседател повика веднаш да запрат контроверзните реформи во судството

March 27, 2023
Фото: Скриншот од видео на
24 Канал

Дмитриј Козак, соработник на Путин кој се спротивставува на војната во Украина, поднесе оставка од функцијата во Кремљ

September 18, 2025
Обожавателите пред студиото на Џими Кимел протестираат против прекинувањето на емисијата. Фото: Скриншот од видео на ВВС

ABC ја повлече емисијата на Џими Кимел „на неодредено време“ по заканата од администрацијата на Трамп

September 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израелските тенкови навлегуваат во една од најгусто населените станбени области во Газа

September 18, 2025
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Израелскиот претседател повика веднаш да запрат контроверзните реформи во судството

March 27, 2023 08:26
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска ја повика владата да ја запре контроверзната судска реформа, еден ден откако премиерот Бенјамин Нетанјаху го разреши својот министер за одбрана затоа што се спротивстави на потегот кој предизвика масовни улични протести.

– За доброто на единството на народот на Израел, поради одговорноста, ве повикувам веднаш да го прекинете законодавниот процес, напиша Херцог на Твитер.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера го разреши својот министер за одбрана, еден ден откако повика на едномесечна пауза во процесот на контроверзната судска реформа што владата сака да ја спроведе.

– Премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучи да го разреши министерот за одбрана Јоав Галант, стои во кусото соопштение од кабинетот на израелскиот премиер.

Галант, кој е член на истата десничарска партија Ликуд како Нетанјаху, во говор во саботата вечер рече дека континуираната јавна поделеност околу ова прашање ќе биде „вистинска закана за безбедноста на Израел“.

Протести се одржуваат секоја недела откако владата на Бенјамин Нетанјаху, една од најдесните во историјата на Израел, во јануари предложи план за реформи кој ја подели земјата.

Реформата, која поттикна загриженост дома и во странство, треба да го зголеми влијанието на пратениците врз судовите. Нејзините критичари истакнуваат дека тоа ги загрозува демократските принципи на израелската држава.

Нетанјаху и неговите сојузници, екстремно десничарските и ултраортодоксните партии, велат дека планираната реформа е неопходна за да се врати рамнотежата на силите меѓу пратениците и Врховниот суд, кој го сметаат за политизиран.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ИзраелНетанјахуреформисудство
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    240 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ