Израелските воздухопловни сили нападнаа во јужниот дел од Појасот Газа, откако од палестинска страна ноќеска е истрелана ракета кон Јужен Израел.
При воздушниот напад нема жртви.
– Како одговор на лансирањето проектил во јужен Израел, авионите погодија две воени структури, се наведува во соопштение на израелската армија.
Тоа е втора размена на напади во последните 24 часа. Вчера израелската армија го погоди Хамас во Појасот Газа, како одговор на ракетата што беше истрелана во четвртокот.
[divide]
Извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.