пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Многу ми е мило што извештајот на ЕУ за лажните вести и дезинформациите што е актуелен деновиве – ги потврди без исклучок сите наоди на анализите кои ги работевме и објавувавме со Цивил изминативе месеци, па и години!
Спрегата помеѓу домашни и странски центри на моќ и пропаганда за дестабилизација на земјата, која е веќе поодамна во фокусот на НАТО, се актуелизира очигледно и во ЕУ.
Под удар на руската пропаганда и на нејзините екстензии во Македонија се најболните и најтешки прашања: идентитетот, меѓуетничките односи, борбата со пандемијата…
Целта е очигледна: дестабилизирање на земјата, спречување на нејзините евроатлански интеграции и рушење на демократијата, преку саботирање и закочување на институциите, нарушување на меѓуетничките, меѓуверските, меѓучовечките односи, масовно дезинформирање за сеење омраза, страв и недоверба, отпор кон науката, медицината…
Одговорот на соголените пропагандисти ќе биде очекувано жесток. Од глумење европејци, преку местење виновници, но најмногу ќе има од тоа што и го имаше најмногу досега – жестоко плукање по оние што ги соголуваат.
Но, дали овој извештај на ЕУ ќе ги разбуди оние што најмногу треба да се гласни во оваа ситуација? Дали ќе се разбудат истражните, правосудните органи? Дали ќе се разбудат медиумските организации кои губат реално пазар и пари а и кредибилитет и дигнитет под удар на пропагандистите, или се уште ќе се плашат име да им споменат во ретките соопштенија каде одоколу ги „критикуваат“?
Не знам дали се уплашени од таа издишана агресивност, која за време на владеењето на Груевски беше реална закана. Очигледно останал „рефлексот“. А, тоа време замина. Сега е друго време. Време е пропагандистите кои ја туркаат земјата во бездна да се соголат до крај.
Секое понатамошно молчење, ќе зборува многу повеќе од зборовите. А освен зборови, сега е и време за дела, истраги и одговорност!
#SledeTene
#SogoluvanjeNaPropagandistite
#LiveFromTheCrystalBall
Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.