• Latest

Извлекување на полицијата од канџите на диктаторската клика

May 7, 2018

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Извлекување на полицијата од канџите на диктаторската клика

May 7, 2018 13:04
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

„Полицијата и МВР никогаш повеќе не смеат да бидат злоупотребени во политички цели заради одржување на поединци на власт. Граѓаните на Република Македонија никогаш повеќе нема да се плашат од оние кои што се повикани први да бидат во нивна заштита. Човековите права и слободи никогаш повеќе не смеат да бидат прекршени од оние што треба да ги гарантираат и да ги чуваат“ – рече премиерот Зоран Заев, на централната прослава на Денот на полицијата во Штип.

Пишува: Џабир Дерала

Претходно, министерот Оливер Спасовски во своето обраќање потсети: „Пред само една година, Македонија се соочи со сериозно нарушена безбедност и загрозен уставен поредок. Бевме на работ на граѓанска војна и нови жртви за нечии себични интереси. Мотивите и причините се добро познати, но креаторите и извршителите не смеат да останат неказнети. Особено не оние кои ја злоупотребија полицијата и се обидоа да ја свртат против својот народ“. Тој не заборави да каже и дека, како граѓанин, ќе биде и добронамерен критичар на полицијата.

Каков контраст! Навистина, остар контраст во споредба со говорите, а уште повеќе со сталинистичкото однесување на Грујо, Горде, Батето и рестото од Фамилијата. Можеби некој злобник ќе каже дека говорите на премиерот Заев и министерот Спасовски на прославата на Денот на полицијата во Штип се само уште еден добро обмислен јавен настап со пропагандни цели. Но, јавно и јасно изговорен збор од највисоки државни личности се документ и обврска. А овие говори се ветување дека во тек е операција на извлекување на полицијата од канџите на диктаторската клика.

Говорите на Заев и Спасовски звучат како недвосмислена, јасна и цврста гаранција која секој полицаец мора да ја запомни и да ја преземе одговорноста за нејзино почитување. Тоа се ставови кои за секој полицаец во оваа земја треба да звучат како наредба. Секој-а од нив мора да работи деноноќно на исполнување на таа наредба. Истото се однесува и на јавните обвинители, кои може само да сонуваат да го достигнат нивото на хероините од СЈО. За судиите и да не зборуваме. Сите тие од говорницата во Штип добија јасна порака. Секако, јавноста нема да заборави да ги држи за збор и високите државни функционери и ќе очекува од нив да бидат доследни и да се држат до гаранциите и пораките што ги испратија.

Парадата на штипскиот стадион покажа дека македонската полиција има персонал со високи вештини, кои приредија вистински спектакл со многу опрема, истрели, експлозии и акробации. Тоа значи дека се доволно интелигентни и професионални, заложбите на нивниот министер и премиер да ги спроведат во дело.

Делот од парадата во која специјалците изведоа вежби за справување со толпа, разбудија свежи спомени од деновите на ненасилната револуција против режимот на Фамилијата. Во споредба со тоа што искусивме на улиците, вежбата на зелената трева на стадионот изгледаше како балет. На улица, таа „вежба“ е далеку потрауматична. Да се надеваме дека Македонија нема да има потреба да ги употреби никогаш повеќе. Иако, се сомневам дека нема да има потреба, имајќи ги на ум капацитетите на криминалците кои не само што се на слобода, туку се и на позиции од кои можат слободно да гаѓаат во срцето на демократската трансформација на општеството.

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ветувањеЗаевполицијаСпасовскичовекови права
Share77Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ