„Буквално сите земји во регионот се потсмеваат со Република Македонија“ – вели претседателскиот кандидат од ГРОМ, Стефчо Јакимовски во интервју за 360 степени.
Според него, кога ќе се одлучува за европската иднина на Македонија, Брисел да најде начин „да ги прати Бугарите да пијат кафе или да појадуваат“, како што тоа се случи со Виктор Орбан и одлуката за Украина“.
„На пример, ние на Србија и служиме како пример за непопусливост затоа што се што попушти Македонија практично бенефитот од тоа не го видовме освен што станавме членка на НАТО-структурите во коишто ќе бевме членка и без да го променевме името зашто сега ни стана јасно на сите дека поради војната во Украина мораше да биде затворено јужното крило на НАТО и тоа беше причината зошто Република Македонија наврат-нанос мораше да влезе во структурите на НАТО“, изјави Јакимовски.
Н. А.