„Ние треба да им кажеме, подготвени сме да чекаме до 2030-та година да чекаме влез во Европска Унија, нели влеземе до 2030-та година. Вие нема да бидете наш приоритет. Ние ќе тераме од тој пат нема да се откажуваме, но ние мораме да си бараме пат за развој на државата“, рече претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевчо Јакимовски во гостување во радиската емисја „Еспресо со Златев и Боцевски“.
Јакимовски прашува зошто во Македонија нема странски инвеститори како една Србија?
-Moжно ли е во Македонија да нема ниту еден инвеститор од Саудиска Арабија, од Катар, од Емирати, од Либан да бројам уште? Како тие инвеститори ги има и во Германија, и во Англија како ги има во Америка?
Клучен дел за безбедноста на државата е економскиот потенцијал и стабилност, токму поради тоа Јакимовски потенцира дека ќе се фокусира на македонската економија како претседател на државата.
Н. А.