„Не сум децидно против внесувањето на бугарите во Уставот, но сум децидно за комплетно затворање на бугарското прашање. Тоа значи целиот тој пакет да се затвори. Јас и на лидерската средба го поставив прашањето: ќе дадете ли одговор за тоа дали сме нација од 1944, или сме биле откако постоиме? Второ, дали нашиот јазик е бугарско наречје, или е посебен македонски јазик? Дајте одговор на овие две прашања, а за историските личности нека вадат документи, нека вадат докази дали некој бил бугарин, дали бил македонец, можеби и никогаш нема да се договарат, но тоа не може да биде услов за наш влез во ЕУ„ рече кандидатот за претседател на РСМ, Стече Јакимовски во интервју на Телевизија Телма
Според него, ако не добиеме одговори на овие две прашања, тој не може да се сложи внесувањето на Бугарите во Уставот да биде услов за влез во ЕУ.