“На 1 200 километри јужно од нас и на 1 200 километри воздушна линија северно од нас се одвивааат страшни војни. Тоа јасно покажува дека живееме во тешко време и многу е битно кој ќе биде врховен командант на оружените сили на Република Македонија, зашто за многу кратко време може да се случи да влеземе во страшна војна, зашто во 2013 година на тлото на Европа, НАТО немаше ниту еден тенк, денеска се преку 3000 тенкови“, рече кандидатот за претседател на партијата „ГРОМ“, Стевче Јакимовски.
Како иден претседател и врховен командант на оружените сили Јакимовски рече дека живееме во тешко време, обременето со војни кои може да се прошират на европско тло. Упати апел за подготовка на земјата за виорно време со набавка на оружје муниција, производство и складирање храна. Многу е битно кој ќе биде врховен командант.
Меѓу другото кандидатот за претседател на ГРОМ, Стевче Јакимовски се залага да нема влез на Бугарите во Уставот без комплетно затворање на „бугарското прашање“, а во државата се неопходни реформи.
Н. А.