• Latest
Средба Заев - Радев, 17 јуни 2021

Јанев-Заев во Софија: Политичарите се одговорни пред емотивните реакции на граѓаните, говор на омраза против Ромите, Таравари со жестоки критики кон власта

June 17, 2021

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Јанев-Заев во Софија: Политичарите се одговорни пред емотивните реакции на граѓаните, говор на омраза против Ромите, Таравари со жестоки критики кон власта

June 17, 2021 18:17
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Средба Заев - Радев, 17 јуни 2021

Средба Заев - Радев, 17 јуни 2021

Share on FacebookShare on Twitter

Од Софија, специјално за ЦИВИЛ МЕДИА за средбата Заев – Јанев: Политичарите се одговорни пред емотивните реакции на своите граѓани

„Премиерите на Република Северна Македонија и Бугарија денес во Софија изјавија дека заедничката цел е да се создаде добра атмосфера за дијалог и пријателство и да се најдат прифатливи решенија за двете страни. По средбата двајцата премиери најавија дека заеднички ќе го гледаат фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Украина, Јанев рече дека ќе навива за нас, се надеваме не само на натпревари“, известува Александар Николиќ Писарев од Софија, специјално за ЦИВИЛ МЕДИА.

„Колку сме еднакви“ во политиките, практиките и промовирањето на европските вредности на локално ниво

ЦИВИЛ организираше јавен настан на тема „Колку сме еднакви?“ посветен на политиките и практиките за еднаквост, недискриминација и промовирањето на европските вредности во единиците на локалната самоуправа. Гостин на оваа тема беше градоначалникот на општина Гостивар, д-р Арбен Таравари.

Со д-р Таравари разговаравме за капацитетите, можностите, политиките и практиките на локално ниво во промовирањето на европските вредности, а во тие рамки и еднаквоста и недискриминацијата на локално ниво.

Со нашиот соговорник ги отворивме и актуелните прашања поврзани со локалните избори, тековните изборни реформи и очекувања, како и предизвиците што би можеле да произлезат од изборниот процес.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Заев: Во добар амбиент и меѓусебна доверба лесно се решаваат дури и големите прашања

„Имаме постигнато договор за пет историски личности и за три историски периоди. Впрочем, заедно ги славиме. Нашите двајца претседатели беа во Ватикан и се поклонија пред Свети Кирил и Методиј и заедно го славиме тоа, како што е и Свети Климент и Наум, како што е и Цар Самоил. Таквите успеси треба да не мотивираат да одиме и понатаму затоа што низ овие експертски комисии тие работат на основа на факти и работат на основа на сознанија“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по средбата со бугарскиот премиер Стефан Јанев во Софија.

ФЛЕШ ВЕСТИ

НАТО Со успешното завршување на Главната планирачка конференција за 19-тата НАТО вежба „Република Северна Македонија 2021“, Македонија на есен ќе ја има таа чест да биде домаќин на вежбата, а Центарот за управување со кризи (ЦУК) организатор во партнерство со Евроатланскиот координативен центар за одговор на катастрофи (ЕАДРЦЦ). На Конференцијата при штабните и теренските активности активно учествуваа во работа за планирање на вежбата околу 140 претставници од 17 држави и од три меѓународни организации.

ОДБРАНА Поставени се темелите за интензивирање на одбранбената соработка помеѓу двете земји – сојузнички во НАТО, Северна Македонија и Словачка, со што ќе се развијат и националните, но и капацитетите на Алијансата за колективна одбрана. Полноправното членство на Северна Македонија во Алијансата ја зацврсти регионалната безбедност, а сега е потребно да се направи и долгоочекуваниот и заслужен исчекор во европската интеграција на земјите од Западниот Балкан е заклучокот од денешната средба во Братислава, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словачки колега, Јарослав Над.

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ Премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев го посети седиштето на Бугарска социјалистичка партија во Софија.

ЕКОНОМИЈА Човечкиот капитал е во директна корелација со економскиот раст, односно преку раст на знаењата и вештините на граѓаните може да се делува кон забрзување на растот. Оттаму, еден од приоритетите во плановите и проекциите за заздравување и забрзан раст се инвестициите во човечкиот капитал, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на вебинарот организиран од Економскиот факултет на тема „Предизвици за високото образование од областа на економијата во периодот на пост-Ковид-19“.

АНАЛИЗА Пандемијата само ги интензивираше и ги исфрли на површина проблемите со кои секојдневно се соочуваат лицата со попреченост, нивните родители и лицата што се грижат за нив а дека државата сѐ уште заостанува во исполнување на обврските од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, е заклучокот од денешната презентација на анализата посветена на ефектите, кои пандемијата ги имаше врз лицата со попреченост во земјата спроведена од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер.

ЛАЖНИ ВЕСТИ И ГОВОР НА ОМРАЗА

Инфодемија и говор на омраза: „Циг****е повеќе не смеат да влегуваат во ЕУ“

На социјалните мрежи се шири лажна вест со експлицитен говор на омраза кон ромската етничка заедница. Најверојатно се работи за фотомонтажа, каде што е злоупотребено логото на ТВ СИТЕЛ, пришто  е објавена лажна вест со наслов: „Нови правила на Kорона: Циганите повеќе не смеат да влегуваат во Европската унија“.

Инфодемија и говор на омраза: „Циг****е повеќе не смеат да влегуваат во ЕУ“

Б: Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ