На социјалните мрежи се шири лажна вест со експлицитен говор на омраза кон ромската етничка заедница. Најверојатно се работи за фотомонтажа, каде што е злоупотребено логото на ТВ СИТЕЛ, пришто е објавена лажна вест со наслов: „Нови правила на Kорона: Циганите повеќе не смеат да влегуваат во Европската унија“.
Ваква вест нема на сајтот на СИТЕЛ, исто така пребаравме и на Google но не најдовме содржина со таков наслов.


Надлежните органи треба да реагираат и да ги санкционираат сите што шират лажни вести и говор на омраза.
Дехран Муратов












































