• Latest

Јанкоски: Печалбарите „ги украле“ европските вредности и ги донеле кај нас

October 20, 2020

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јанкоски: Печалбарите „ги украле“ европските вредности и ги донеле кај нас

October 20, 2020 16:14
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски за ЦИВИЛ Медиа, даде свои видувања за моменталната политичка состојба во земјата по предвремените парламентарни избори, прогнози за локалните извори во 2021, како и за напредокот кон евроинтеграции.

ЦИВИЛ: Која е Вашата оценка за политичката состојба и процеси по предвремените парламентарни избори кои се одржаа во јули?

Јанкоски: Што се однесува на политичката состојба после предвремените парламентарни избори мислам дека е непроменета исто како и пред нив. Лично јас со ваква неконструктивна опозиција истото и го очекував. Поискрен да бидам очекувам уште поголема опструкција од нив, како на државно така и на локално ниво. Тоа ќе е така се додека партиските интереси се ставаат над државните. Одличен пример е и непочитувањето на џентлеменски 100 дена на владата без критики. Очекувам за брзо да се надмине и бесмислениот проблем со Република Бугарија без при тоа да се навлегува во нашата историја и националност.

ЦИВИЛ: До локалните избори има околу една година. Кои се Вашите прогнози?

Јанкоски: Точно така до локалните избори останува уште околу една година. Јас сум по природа скромен човек, но ќе си дозволам за првпат да бидам нескромен и да се пофалам дека успеав во мојот мандат да донесам многу капитални инвестиции во Вевчани. Што се однесува на моите очекувања, очекувам до крајот на мојот мандат да успеам да ги реализирам преостанатите ветени проекти од изборната програма и искрено се надевам, односно сигурен сум дека повторно ќе ја добијам довербата на вевчанци и во наредните четири години повторно да застанам на чело на Општина Вевчани.

ЦИВИЛ: Како локалната самоуправа во вашата општина се подготвува за интеграции во ЕУ?

Јанкоски: Ние сме мала по територија, но силна по дух општина. Интензивно се подготвуваме за интеграција во ЕУ. Ние и во моментов работиме многу проекти кои се финансирани од ЕУ. Во моментов при сам крај е проектот финансиран од ЕУ за локална и регионална конкурентност “Туристички центар Вевчани” во вредност од 985 000 евра, прочистителна станица за отпадни води финансирана од ЕУ а менаџиран од УНДП во вредност од 350 000 евра, како и многу други кои се реализирале или се реализираат во моментов.

ЦИВИЛ: Колку и на кој начин се почитуваат европските вредности?

Јанкоски: Во неколку наврати спомнав, Вевчани е лулка на демократијата. Тука се носеле европските вредности уште многу, многу одамна. Голем број вевчанци имаат сопруги кои дошле од западноевропските земји и кои со својата култура и религија без проблем се прифатени во оваа наша средина. Вредностите ги носеле и печалбарите, кои работеле во европските центри и кои успевале да го “украдат” најдоброто и да го пренесат. Вевчани и до сега во своите темели ги имаше вградено овие вредности на толеранција, почитување на туѓи култури и традиции исто како и своите, поради тоа Вевчани има свој стил на живеење кој во многу се разликува од начинот на живеење на околните населби.

обработка на текст: Ангела Петровска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ