• Latest

Јанкуловски побара поддршка од пратениците за ребалансот на Буџетот, за Битиќи Владата скицира нереална економска слика

July 2, 2025

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

Препукување на релација ДУИ – ВЛЕН кој е поголем Србин

August 20, 2025
Трамп и Путин во Алјаска. Фото: Скриншот

Кремљ ги омаловажува разговорите со Зеленски, Трамп предупредува дека Путин можеби нема да сака да склучи договор

August 20, 2025

Евидентирани 1916 во Регистарот на ДКСК за службени возила на државни органи за локалните избори

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на YouTube

Администрацијата на Трамп ќе проверува за „антиамериканизам“ во апликациите за имиграција, критичарите потегот го споредуваат со макартизам

August 20, 2025
Мигрантите депортирани од САД пристигнуваат во Хондурас. Фото: Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

САД постигнаа договори за депортација на мигранти со Хондурас и Уганда

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел бара ослободување на сите заложници во Газа, фрлајќи сомнеж врз предлогот за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на YouTube каналот на British Army

Околу 10 европски сојузници се подготвени да испратат војници во Украина, се забрзуваат разговорите за безбедносните гаранции

August 20, 2025

Избирачкиот список се отвора во сабота за увид и запишување и бришење податоци

August 20, 2025
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Јанкуловски побара поддршка од пратениците за ребалансот на Буџетот, за Битиќи Владата скицира нереална економска слика

July 2, 2025 15:29
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2025 година се потврда на фискалната политика за неопходноста од консолидација и подобрено управување со јавните финансии. Се базираат на непроменети макроекономски претпоставки и прилагодување на фискалните проекции кои на расходната страна обезбедуваат целосно финансирање и реализирање на стратешките приоритети и програмски определби без да се промени нивото на буџетскиот дефицит, рече денеска заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, на почетокот на дебатата за ребалансот воп собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Тој побара поддршка за предложениот ребаланс од пратениците истакнувајќи дека со него ќе се обезбеди поефикасно и поодговорно управување со јавните финансии, со фокус на стабилност, отчетност и ефективност во трошењето.

За Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година поднесени се над 200 амандамни.

Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, по еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за годинава.  Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, на износ од 47,5 милијарди денари. Државниот долг на крајот на 2025 година според проекциите на Владата ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 62,1 процент.

Стапката на невработеност се очекува да се намали на ниво до 11,1 проценти во 2025 година а стапката на вработеност да достигне 47 проценти.

Како што нагласи Јанкуловски, годинава се очекува понатамошно стабилизирање на инфлацијата проектирана со ребалансот на ниво од 2,8 проценти.

Јанкуловски најави дека со ребалансот продолжува финансиската поддршка и соработка на Владата со општините за капитални инфраструктурни проекти, зголемување на нивната финансиска стабилност, поволности и стимулација за општините кои имаат планирани буџети, висок степен на реализација, како и висок степен на наплата на локалните даноци и подобрена методологија за пресметка на трошоците за тековно одржување.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на комисиската расправа за ребалансот на буџетот на собраниската говорница стави „розови очила за читање на ребалансот на буџетот“.

Овој ребаланс е индиректно признание дека Владата ја изгубила фискалната контрола и јасно огледало на продлабочената фискална неодговорност во јавните финансии. Наместо реално прилагодување и развојна ориентација, добиваме документ кој прикрива неизвршени ветувања и скицира нереална економска слика, рече Битиќи, на денешната седница за ребаланс.

Тој истакна дека иако дефицитот останува на 4% од БДП, тоа е над законскиот максимум од 3%, а отстапување е дозволено само во вонредни ситуации кои во нашата земја не постојат.
Општиот претрес и амандманската расправа треба да завршат за десет дена.
Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ