• Latest

Јавете му на Путин да му каже на Апасиев да му се јави на Мицкоски

November 15, 2022
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Јавете му на Путин да му каже на Апасиев да му се јави на Мицкоски

November 15, 2022 08:44
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Левица и ВМРО-ДПМНЕ се двата спротивни пола на една иста магнетна сила којашто е против европскиот пат на земјата и против членството на Северна Македонија во НАТО како најмоќен безбедносен сојуз којшто ја заштити земјата од влијанијата од исток.

Овие влијанија имаа(т) за цел земјата на геостратешкиот крстопат меѓу Европа и Азија да ја претворат во зона на постојана криза за да го раслабнат нејзиниот демократски капацитет и да предизвикаат сомнеж во нејзините стратешки определби.

Вака спакувани овие закани се во суштината на пораката од говорот во Гевгелија каде што Димитар Ковачевски настапи како претседател на СДСМ на граѓанската трибина како дел од нивната кампања „Силно и одлучно кон иднината“, кога рече дека „Апасиев и Левица се најголемата закана за европскиот пат на земјата, а Мицкоски е заложник на Апасиев“.

Кога станува збор за Левица и за Апасиев воопшто не е тешко да се види нивната про-руска и анти-ЕУ и анти-НАТО позиција.

Во екот на руската воена агресија врз суверена Украина, кога целиот свет воведе политички санкции кон Русија, во Собранието на Северна Македонија пратениците на Левица Димитар Апасиев и Борислав Крмов остварија „деведесетминутна“ средба со рускиот амбасадор во нашата земја Сергеј Баздникин, којашто поминала во „срдечна и пријателска атмосфера“.

Во соопштението на Левица за оваа средба, партијата го комуницира терминот „специјална воена операција во Украина“, како официјален термин за војната на Кремљ. Акцент бил ставен „на процесот на денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења, кои се опсаност за секоја современа демократија“ што е исто така речник на Москва.

Три месеци подоцна Левица, овојпат заедно со ВМРО-ДПМНЕ, ги организираа протестите против „францускиот предлог“ за кои Апасиев рече дека треба да се радикализираат со протести, блокади и други методи. Беше многу јасно дека протестите беа организирани за да се спречи отворањето на преговорите со ЕУ со максимална злоупотреба и спинови дека мотивацијата за нив е заштитата на македонскиот јазик и идениитет.

Многу бргу протестите навистина добија елементи на насилство што беше индиција дека Левица ја презеде иницијативата, односно „ги киднапираше“ протестите, како што оценија аналитичарите и дека оваа партија, наспроти името, се однесува како десна радикална партија која, наместо на социјални, започна да прибира поени на основа на национални прашања во која главни поддржувачи се разочарани членови на ВМРО – ДПМНЕ.

Овој тактички маневар на Левица создаде слика во јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски станаа жртви на политичките „итроштините“ на Апасиев, што секако не е никакво опправдување за неодговорното однесување на Мицкоски како лидер на најголемата опозициска партија којашто во овие клучни историски моменти делуваше како маргинална радикална политичка структура.

Ова наивно однесување кон процесите и реалноста кои се во тек во Северна Македонија, како и кон околностите на глобален светски политички план, се далеку од еден државнички и одговорен став со соопстевмото учество во нив.

За жал, ваквото однесување на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ не е единствено. Ќе остане запаметена фотографијата од Собранието од 5 ноември 2021 година, кога Мицкоски го објави божемното ново парламентарно мнозинство со партиите на Албанците во опозицијата и со Левица.

Неверојатно наивно и денес делува неговиот запис под фотографијата дека „новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж“.

„Новата иднина“ на „новото парламентарно мнозинство“ не потраја ниту еден ден кога стана јасно дека е составено од непомирливи политички субјекти, меѓу кои седи Апасиев како суштинска и непомирлива спротивност на темелните вредности на кои е изградена оваа земја како што се ЕУ, НАТО и Охридскиот договор.

На оваа епизода „со тажен крај“ од теленовелата „ново парламенарно мнозинство“ и се лепи и серијата „предвремени избори наречени желба“ која повторно раскажува за големата неостварена „љубов“ на Мицкоски кон Апасиев, во која драмата ја прави никој друг туку – Стојанче Ангелов.

Еве како изгледа таа сцена раскажана со зборовите на Мицкоски: „Го побарав, да се видиме, каде сака… кафе да испиеме. Ми рече дека не може, зафатен е со подготвување амандмани… Другиот ден го видов како пие кафе со Стојанче Ангелов. За мене немаше време… Еве до ден денес чекам, ми рече ќе те побарам, од тогаш помина месец и пол, ме нема побарано. Еве, повторно го реактивирам моето барање, ајде да седнеме сите да се договориме… За доброто на Македонија зборувам…“

Нам не ни останува ништо друго освен да го чекема секое следно продолжение од тв „сапуницата„ „Мицкоски заложник на Апасиев“, а, еве, искуството и минатото не учат дека ќе ги има уште многу.

Единствено ми е страв до тогаш да не се случи некој да му се јави на Путин за да му каже на Апасиев да му са јави на Мицкоски, па да ни ја расипе забавата. Или… кој знае… можеби драмата ќе добие нова динамика. Особено со Стојанче Ангелов како расипувач на забави.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: анти НАТОанти-ЕУАпасиевВојна во УкраинаМицкоскирадикализацијаруска пропаганда
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ