• Latest

Јавниот долг годинава 60 проценти, во 2021 ќе се зголеми за еден до два процентни поени, прогнозира НБ

December 7, 2020

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Јавниот долг годинава 60 проценти, во 2021 ќе се зголеми за еден до два процентни поени, прогнозира НБ

December 7, 2020 15:53
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка, според прелеминираните проценки, очекува оваа година јавниот долг да биде околу 60 проценти, а наредната година да се зголеми за еден до два процентни поени. Особено е важно, според гувернерката на НБ, Анита Ангеловска Бежоска, буџетските расходи целно да се насочени кон поддршка на растот и потенцијалот на економијата, пренесува МИА.

Макроекономските проекции на Народната банка во однос на фискалната политика, ги вградуваат најновите расположливи информации, според коишто оваа година буџетскиот дефицит би се позиционирал некаде на околу 8,5 проценти од БДП, а потоа би дошло до постепена фискална консолидација. Притоа од НБ напоменуваат дека буџетот за 2021 година сѐ уште не е усвоен, а новата фискална стратегија исто така сѐ уште не е донесена.

– Оттука, не располагаме со попрецизни податоци, но според наши оцени, финансирањето на дефицитот би било комбинирано и од домашни и од надворешни извори. Дополнително, проекциите претпоставуваат и интензивирање на јавните инфраструктурни проекти, што значи и дополнително надворешно задолжување на јавните претпријатија, а ефект врз јавниот долг ќе има и најавата за користење на средства од новата кредитна линија на Развојната банка. Со вака вградените претпоставки, според прелиминарните оцени, а имајќи ги предвид и отплатите коишто достасуваат во последниот квартал, оваа година очекуваме јавниот долг да биде околу 60 проценти, а наредната година да се зголеми за еден до два процентни поени, велат од НБ.

Ова, според гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, е очекувано со оглед на потребната контрациклична фискална политика, но она што е важно буџетските расходи да се целно насочени кон поддршка на растот и потенцијалот на економијата. На таков начин ќе се овозможи и побрзо стабилизирање на нивото на јавниот долг на среден рок.

Според неа, тешко е да се каже по кои услови и како државата ќе се задолжува во натамошниот период. Сега за сега последните состојби упатуваат дека состојбата е стабилна. Неизвесноста зависи од многу фактори. Последните податоци за ноември покажуваат натамошно стабилизирање на финансиските пазари што во голема мера се врзува со информациите што се пресликуваат во напредокот во делот на пронаоѓањето на вакцините против Ковид-19.

Оваа година, како што посочи гувернерката, се забележува значајно поместување кај јавниот долг отприлика од 11 проценти поени од БДП, што е одраз на поекспанзивната фискална политика, поголемиот буџетски дефицит во насока на преземање мерки на здравствениот сектор и ублажување на ефектите од кризата.

– Ако ги погледнеме и проекциите на ММФ за растот на задолженоста може да се види дека очекувањата се генерално во Европа, вклучително и во нашиот регион, да дојде до позначајно зголемување и на буџетскиот дефицит за оваа година и на нивото на задолженост. Порастот на нивото на јавен долг во регионот во просек е проектиран на 10 до 12 проценти што отприлика упатува на слична динамика на пораст на јавниот долг како и кај нас, наведе Ангеловска Бежовска, во одговор на новинарско прашање на прес-конференција за  најновите макроекономски проекции на НБ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ