• Latest
Ставрески - Груевски

Е, стварно се лудаци!

July 5, 2017
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Е, стварно се лудаци!

July 5, 2017 17:25
in СЛОБОДНА ЗОНА
Ставрески - Груевски

Ставрески - Груевски

Share on FacebookShare on Twitter

„Сè посилни се земјотресите во охридско-преспанскиот регион кои централната власт предводена од СДС ги игнорира и се однесува како да не постојат.“ – соопшти партијата чии лидери и стотици нивни послушници се под истрага или под обвинение за тешки криминали. Е, стварно се лудаци! Има право благајникот на фашо-мафијата Ставрески. На тоа соопштение му фали само уште да кажат дека СДСМ, всушност, ги предизвикува земјотресите.

Пишува: Џабир Дерала

Не престануваат да се однесуваат како ништо да не било, како да не се одговорни за тивкиот ужас низ кој помина земјава во изминатата деценија. Велам тивкиот ужас, бидејќи беа доволно итри да го држат својот арамилак под радарот во првите неколку години, но не помалку и поради општата корумпираност и покорноста кај луѓето.

Само како пример… Тажно е да се види човек во години, како се понижува и гази врз сопственото достоинство. Речиси дооден, Ристо Никовски стана никоговски, но сеедно ја вергла својата глупава приказна пред камерите. Такви како оваа злокобна и искубана врана, па и полоши, се редат во ТВ програмите, како на лента. Не се потполно глупави, иако најчесто изгледаат така. Но, затоа се подмолни и упорни. И ја користат чудната, да не кажам, симптоматична, наивност на редакциите, па ги оставаат да си ја пеат својата песна, без ниеден критички тон, без ниедно вистинско прашање. Ќе им текне ли на редакциите дека, во убиството на дебатата и политичкиот дијалог во општеството, соучесници беа токму тие кои сè уште парадираат низ етерот? Како да се во Сител, Канал 5, Нова и сличниот медиумски измет, сега се раширија низ целиот медиумски простор.

Никогаш не биле релевантни. Штетни, полни со лаги и омраза, дивееја една деценија. И сега, наместо да чучат во некое ќоше и да се молат да не падне светло на нив, тие останаа под рефлекторите. Затоа, ако секој ден тресат ноторни глупости во своите соопштенија, не значи дека секој ден мора да ги слушаме и гледаме. Кога невладините организации кои се занимаваат со вистински теми издаваат соопштение, се внимава да не им се даде премногу простор, да не бидат здодевни. Но, секој виц на фашо-мафијата кои продолжуваат да си поигруваат со целата земја, мора да стаса во првите вести.

Не знам што повеќе да кажам. Мислам дека е сосема јасно. Дали е мрза, инертност или нешто сосема друго не знам, но не ми се допаѓа. Очекувам, душегрижниците да кажат дека заговарам цензура, но тоа никогаш не сум го направил, ниту ќе го направам. Нема потреба ни да објаснувам колку е така. Само сум непријатно изненаден од отсуството на критички дух и одговорност што ја имаат медиумите пред јавноста. Ако има јавност… Можеби допрва треба и неа да ја обновуваме.

 

Tags: Канал 5МедиумиРисто НиковскиСДСМСителСтаврески
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ