ЦИВИЛ – Центар за слобода организира експертска панел дискусија „Македонија: Правно и политичко лимбо“ в четврток, на 26 јануари, во хотел Парк Резиденс, зад фудбалскиот стадион во Скопје, со почеток во 12:30 часот.
Постизборниот период во Република Македонија донесе нови неизвесности, продолжени политички тензии и сериозни правни дилеми:
- Дали претседателот Ѓорге Иванов го следеше словото на Уставот и законите во целост, при доделувањето на мандатот за составување на влада?
- Дали свикувањето и водењето на првата седница по изборите беше во согласност со законите и Деловникот?
- Дали имаме ситуација на извршување двојни јавни функции – министри и пратеници истовремено?
- Дали Јохан Тарчуловски има право да биде пратеник, со оглед на тоа дека е правосилно осуден воен злосторник?
На овие и на други важни прашања, одговор ќе дадат поканетите експерти на дискусијата.
ЦИВИЛ ги поканува и медиумите, претставниците на граѓанското општество, политичките партии, претставниците на меѓународната заедница и заинтересираните граѓанки и граѓани. По излагањето на панелистките и панелистите, ќе следи дискусија и отворен микрофон.
Како и секогаш, ќе биде овозможено да се поставуваат прашања и коментари во текот на дискусијата и од онлајн заедницата.